„Справување со нелиберални-евроскептични наративи оддолу“ – Збирка полиси брифови

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

Евротинк-Центарот за европски стратегии ја објави збирката полиси брифови „Справување со нелиберални-евроскептични наративи оддолу“. Публикацијата е објавена во рамки на проектот „Справување со нелиберални-евроскептични наративи оддолу“ финансиран со поддршка на Европската Унија во рамките на програмата „Европа за граѓаните“.

Полиси брифовите ги содржат наодите од истражувањето спроведено во Италија, Полска, Словенија и Северна Македонија и препораки за политики со посебен акцент на граѓанското општество. Дополнително, публикацијата содржи и компаративна студија напишана од проектниот тим.

Проектот „Справување со нелиберални-евроскептични наративи оддолу“ беше финансиран со поддршка на Европската Унија во рамките на програмата „Европа за граѓаните“.

Проектот беше имплементиран помеѓу март 2021 и август 2022 година, со партнерите на проектот: Scuola Normale Superiore University – Факултет за политички и општествени науки – Фиренца (Италија), Универзитетот во Љубљана – Факултет за општествени науки – Центар за меѓународни односи – Љубљана (Словенија), Јан Новак-Језиорански Колеџ за Источна Европа (KEW), Војновице (Полска) и Евротинк – Центар за европски стратегии како координатор.

Целта на проектот беше да се истражат нелибералните наративи и евроскептицизмот во четири земји во Европа: Република Северна Македонија, Словенија, Италија и Полска, да се вклучи пошироката јавност во дискусијата на овие теми, како и да се дадат препораки за подобрување и контранаративи.

Публикацијата може да ја преземете од следниот линк:
Справување-со-нелиберални-eвроскептични-наративи-оддолу

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа