Повик до општините од Република Северна Македонија „Со локални совети за превенција кон подобрена соработка”

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

Евротинк – Центар за европски стратегии отвора јавен повик до општините во Република Северна Македонија за вклучување во проектот „Со локални совети за превенција кон подобрена соработка”, поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, преку програмата за „Мали демократски грантови”. Главната цел на проектот е да поттикне процес на соработка помеѓу општините, полицијата и граѓаните преку кој ќе се унапреди партиципативното донесување одлуки во полицијата, по пат на зајакнување на функционалноста на локалните совети за превенција (ЛСП).

ЛСП претставува тело за заедничко дејствување на засегнатите страни и на релевантните чинители во областите од безбедносен, комунално-инфраструктурен и социјално-културен карактер, со цел успешна имплементација на концептот „полиција во заедницата“. Во исто време, ова тело  претставува алатка за партнерство со локалната заедница за одржување на јавната безбедност, градење доверба и соработка при превенција на безбедносните проблеми, како и организирање други форми на вклученост на граѓаните при идентификување на локалните проблеми и развивање на применливи решенија.

Проектот ќе ја формализира соработката со три општини од државата кои ќе искажат интерес за иницирање или подобрување на работата на ЛПС.

Со цел да се придонесе за постигнување на севкупните цели, Евротинк ќе ги имплементира следниве конкретни активности во временската рамка на проектот:

  • Избор на три општини за процес на соработка при активирање и зајакнување на локалните совети за превенција;
  • Потпишување меморандум за соработка со избраните три општини;
  • Спроведување анкета за перцепциите на граѓаните за локалните безбедносни проблеми во трите избрани локални заедници;
  • Поддршка на општините преку застапување и зајакнување на концептот на партиципативно донесување одлуки во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа;

Предвидени обврски за општините:

  • Потпишување меморандум за соработка со Евротинк;
  • Придонес во форма на консултација при креирање на прашалникот за анкетата;Вклучување на претставници на Евротинк при седници на ЛПС;
  • Редовно јавно известување за работата на ЛПС преку објавување на дневните редови и записниците на ЛПС преку општинските јавни гласила (веб сајт, социјални медиуми);
  • Остварување консултациски средби со Евротинк со цел подобрување на работата на ЛПС.

Активностите ќе се спроведуваат во периодот декември 2022 – август 2023 година.

Заинтересираните општини можат да се пријават преку одговарање на следниот електронски прашалник (линк).

Повикот е отворен до 23 ноември, 2022 година.

За дополнителни информации, општинските претставници можат да се обратат до Димитар Николовски на 078 306 598 или на е-маил адресата: Dimitar.nikolovski@eurothink.mk

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа