LOADING

Type to search

Перцепциите на граѓаните за надворешната политика по бугарското „не“ за почеток на преговорите

ЕВРОМЕТАР ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Нетрасиран пат: Граѓански ангажман во образованието, истражувањето и мониторингот поврзан со Поглавје 24 Нетрасиран пат: Граѓански ангажман во образованието, истражувањето и мониторингот поврзан со Поглавје 24 Нетрасиран пат: Граѓански ангажман во образованието, истражувањето и мониторингот поврзан со Поглавје 24 Правда, слобода и безбедност Процес на пристапување во ЕУ Публикации Работни програми

Перцепциите на граѓаните за надворешната политика по бугарското „не“ за почеток на преговорите

Share

• Значително се намалува процентот на граѓани што веруваат дека меѓународната позиција на
државата денес е посилна во однос на минатата година, додека значително е пораснат и уделот на
граѓани што веруваат дека е таа иста во однос на минатата година. Во исто време, паѓа оптимизмот
и за иднината, што е видливо во намалениот процент на граѓани што веруваат дека меѓународната
позиција ќе се подобри, како и зголемувањето на процентот на граѓани што веруваат дека позицијата
во иднина ќе остане иста. Овие податоци се индикатор за намалената доверба на граѓаните во
надворешната политика на државата, чиј темел беше: 1) решавањето на билатералните спорови, со
цел 2) отпочнување на преговори за членство со Унијата. Со бугарското противење, и по времето
потрошено за усвојување на новата методологија, видлива е одредена заситеност кај граѓаните и
чувство на разочарување.
• По влегувањето во сила на Договорот од Преспа на почетокот на 2019 година, процентот на граѓани
што сметаат дека постои држава или меѓународна организација која претставува закана за нашата
држава се стабилизира на околу една третина од граѓаните. Ова е видливо во податоците за 2019 и
за 2020 година. Сепак, во 2020 година огромно мнозинство на сомничавите граѓани (78 % од нив) ја
идентификувале токму Бугарија како „непријателска земја”, со што Бугарија ја заменува Грција како
држава во која граѓаните гледаат закана. Овој фрапантен податок се должи на чувството на неправда
продуцирано од бугарското противење на отпочнувањето на преговорите.
• Србија, која традиционално котира високо на листата на држави што македонските граѓани
(особено етничките Македонци) ги идентификуваат како пријателски, годинава е на првото место
на пријателски држави. Одличниот ранг може да се должи на: 1) вакциналната дипломатија; 2)
разочарувањето од Бугарија; 3) популарноста на претседателот Вучиќ во нашата држава, базирана
на перцепцијата дека води политика на еквидистанца и неврзаност во однос на сите големи сили (ЕУ,
САД, Русија и Кина) во интерес на сопствената држава.

Превземи.

Tags:

Leave a Comment