Еврометар 2020: Еврофилијата посилна од бугарското „НЕ“

Logo na Evrothink

Резиме:

• И покрај чувството на горчина, видливо во растот на граѓаните што веруваат дека „односот на ЕУ
кон РСМ е нефер, надмен и уценувачки“, рекордни 67,3 % од испитаниците веруваат дека членството
на Северна Македонија во ЕУ би било добра работа. Тоа укажува дека мнозинството останува
убедено дека државата припаѓа во европското семејство и покрај тешкотиите во процесот на
пристапувањето. Од критичка гледна точка, резултатот може да се протолкува и како индикатор за
некритички став на македонските граѓани кон Европската Унија.
• Во сличен контекст, рекордни 70,4 % од анкетираните сметаат дека членството во ЕУ би било
корисна работа, што е индикатор за стабилноста на високата поддршка за членство и индиректно
укажува на инаку неартикулираните очекувања дека проблемот со бугарската блокада, сепак, набргу
ќе се реши, со што пристапните преговори ќе започнат.
• Драматично е зголемен бројот на граѓани што веруваат дека односот на ЕУ кон државата е нефер,
надмен и уценувачки, што се должи на разочарувањето од очекувањата дека државата официјално
ќе отпочне преговори за членство и покрај бугарските противења. Со бугарската блокада беше
нанесен силен удар на наративот на власта во Македонија, која сите тешки и непопуларни одлуки,
каква што беше промената на името, ги легитимираше со „наградата“ во форма на отпочнување
преговори.
• Политичките пречки за започнувањето на пристапните преговори на С. Македонија навидум
немаат големо влијание врз континуираната поддршка на граѓаните за ЕУ. Сепак, ова го толкуваме
како последица на верувањето дека политичките блокади ќе се решат брзо. Доколку тоа не е случај,
постои голема веројатност и јавното мислење да се промени.

Преземи