LOADING

Type to search

Анкетно истражување ЕВРОМЕТАР 2022

ЕВРОМЕТАР ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Истражување на јавно мислење Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Северна Македонија Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата во Република Северна Македонија Правда, слобода и безбедност Публикации Работни програми

Анкетно истражување ЕВРОМЕТАР 2022

Share

ЕВРОМЕТАР е истражување преку кое ЕВРОТИНК традиционално го испитува мислењето на граѓаните за прашања поврзани со евроинтеграциите и довербата на граѓаните во државните институции. Истражувањето е спроведено од страна на агенцијата Брима од 12 декември до 27 декември 2022 година на репрезентативен примерок од 1006 испитаници.

Истражувањето ги разгледува следниве прашања: 

▪ Какви се ставовите на граѓаните за демократијата во Република Северна Македонија?

▪ Какви се ставовите на граѓаните за  Европската Унија?

▪ Какви се ставовите на граѓаните за меѓународната позиција на Република Северна Македонија?

▪ Колкава е довербата на граѓаните во работата на одредени институции и организации?

▪ Какви се ставовите на граѓаните за работењето на полицијата во Република Северна Македонија?

Истражувањето е реализирано во рамки на проектот: „Подобрување на транспарентноста и отчетноста на полицијата во Република Северна Македонија“ имплементиран од Евротинк – Центар за европски стратегии и финансиски поддржан од Националниот Фонд за Демократија од САД.

 

Наодите од истражувањето преземете ги овде: 

ЕВРОМЕТАР 2022

Tags:

Leave a Comment