LOADING

Type to search

ПАРЛАМЕНТАРЕН НАДЗОР ВРЗ БЕЗБЕДНОСНО-РАЗУЗНАВАЧКИТЕ СЛУЖБИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес За реформите во безбедносно-разузнавачкиот сектор За реформите во безбедносно-разузнавачкиот сектор Правда, слобода и безбедност Публикации Работни програми

ПАРЛАМЕНТАРЕН НАДЗОР ВРЗ БЕЗБЕДНОСНО-РАЗУЗНАВАЧКИТЕ СЛУЖБИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Share

Потребата од независен демократски надзор врз работата на безбедносно-разузнавачките служби е condition sine qua non во едно демократско општество, какво што, впрочем, тежнее да биде и македонското. Имајќи ја предвид постоечката законска рамка во С. Македонија во однос на демократскиот надзор врз безбедносно-разузнавачкиот апарат, тој може да биде парламентарен и граѓански. Иако можеби сѐ уште е рано за темелно да се анализираат резултатите од последната голема реформа којашто започна во 2018 година, јасно е дека парламентарниот надзор предничи vis-à-vis граѓанскиот, којшто е нефункционален во својата суштина поради низа причини.

Сѐ до некакви подлабоки реформски зафати, Собранието е тоа коешто преку трите надлежни комисии – Комисијата за одбрана и безбедност (КОБ), Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање (КНРАНБАР), и Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите (КНСМСК).

Во рамки на системот за надзор врз работата на разузнавачките служби во Северна Македонија, постојат неколку сегменти на надзор и контрола. Парламентарниот надзор е еден сегмент од демократскиот надзор над безбедносните и разузнавачките служби во Северна Македонија. Демократскиот надзор е од фундаментално значење за унапредување на владеењето на правото, одржување проверки и рамнотежи и обезбедување контрола на граѓаните врз еден од најинтрузивните сектори на управување, преку нивните избрани претставници.[1] Во овој авторски коментар, ќе ги претставиме надлежностите на телата кои го претставуваат парламентарниот надзор врз работењето на разузнавачките служби. Исто така ќе ги погледнеме и бројот на седници на релевантните комисии во текот на работата на Собранието во периодот 2016-2020 година.

Според позитивните законски прописи, во рамки на Собранието на Република Северна Македонија надзорните надлежности се делегирани на повеќе собраниски комисии: Комисијата за одбрана и безбедност, Комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање и Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите.

Целосниот коментар е достапен за превземање тука.

Tags:

Leave a Comment