Работилница – „Улогата на граѓанскиот сектор во спречување на поларизација, радикализација и насилен екстремизам“
Share


Eвротинк – Центар за европски стратегии организираше работилница со претставниците на граѓанските организации на тема „Улогата на граѓанскиот сектор во спречување на поларизација, радикализација и насилен екстремизам“.
На оваа работилница како говорник се обрати г-н Скендер Пертеши од Косовскиот центар за безбедносни студии од Приштина. Г-н Пертеши се осврна на предизвиците и научените лекции при истражување на прашања за радикализација кои можат да доведат до насилен екстремизам, методологија и пристап за спроведување интервјуа со ранливи групи и предизвици со кои се соочува регионот во однос на поларизација, радикализација и насилен екстремизам.