LOADING

Type to search

ПРЕОСМИСЛУВАЊЕ НА ДЕМОКРАТСКИОТ НАДЗОР НАД БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИТЕ СЛУЖБИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес За реформите во безбедносно-разузнавачкиот сектор За реформите во безбедносно-разузнавачкиот сектор Правда, слобода и безбедност Публикации Работни програми

ПРЕОСМИСЛУВАЊЕ НА ДЕМОКРАТСКИОТ НАДЗОР НАД БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИТЕ СЛУЖБИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Share

Управувањето со разузнавањето беше поставено како еден од најважните приоритети
на земјата од почетокот на коалициската Влада на премиерот Зоран Заев составена од
Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ во текот на претходните неколку години. Следејќи ги
препораките на таканаречениот „Извештај на Прибе“, Северна Македонија усвои пакет
законски и институционални измени насочени кон реформа на системот за следење на
комуникациите и трансформација на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање
во независна Агенција за национална безбедност.
Иако потребата за зголемување на отчетноста на безбедносните служби стана сè
поочигледна, до денес се водени мал број дискусии за механиката на сегашниот модел на
надзор; немаше суштински промени во функционирањето на утврдените тела.
Овој труд зазема критички став кон постојниот модел на демократски надзор и контрола,
со кој се врши парламентарен надзор преку три специјализирани парламентарни комисии и
новосоздадено хибридно тело за граѓански надзор.
Извештајот ги идентификува недостатоците во правната поставеност за парламентарен
надзор, нејасни мандати, недоволен пристап до експертиза, недостиг на реални резултати,
политизација на надзорот и други прашања. Овие прашања се показател за – и засилени се
со – недостаток на политичка волја, за да се обезбеди ефективен парламентарен надзор над
разузнавачките активности.
Покрај тоа, трудот ги зема предвид теоретските и практичните ограничувања на
парламентарниот надзор што се веќе идентификувани во рамките на ЕУ и на пошироко ниво.
Понатаму, несоодветната законска поставеност на Советот за граѓански надзор го прави
неспособен за извршување на својата улога која и така е многу слаба, а да не зборуваме за
посуштински надзор. Бројните пречки да се обезбедат, дури и основните услови за ова тело
да стане функционално, демонстрираат недостаток на политичка волја за овозможување
ефикасен граѓански надзор.
Посебен придонес на овој труд, покрај документирање на недостатоците на постојниот
систем за надзор, е да се предложи нов модел на демократски надзор кој опфаќа и
парламентарно и надворешно стручно надгледување. Парламентарниот елемент ќе бара
усвојување на посебен закон за да се постави единствена комисија со јасни надлежности,
овластувања и алатки за сеопфатно извршување на оваа улога. Покрај тоа, ние се залагаме
за востановување на вонпарламентарно, независно специјализирано тело за надзор со
силен народен легитимитет (зајакнато преку транспарентност при воспоставувањето и
работењето), овластувања и ресурси. Овие нови тела би ја замениле постојната надзорна
инфраструктура.

Документот може да го превземете на Македонски и на Албански јазик.

 

Tags:

Leave a Comment