LOADING

Type to search

Следејќи го лидерот: Петар Пан или реалност

Публикации

Следејќи го лидерот: Петар Пан или реалност

Share

Овој документ аргументира дека Македонија и` припаѓа на Европската унија – не само географски, туку и политички. Државите-членки на ЕУ не смеат да ги заборават ветувањата дадени на државите од Западен Балкан, ниту нивниот витален интерес за долготрајна стабилност на регионот, и покрај фрагментираните интереси на некои држави-членки на ЕУ (Средна и Источна Европа е наклонета кон Источното партнерство, додека Франција и медитеранските земји кон Медитеранската унија). Последователно на тоа, земјите од процесот за стабилизација и асоцијација трошат премногу време на стабилизацијата и одвај одвојуваат момент за да се фокусираат на асоцијацијата. Најлош случај меѓу нив е Македонија, која веќе пет години е во чистилиштето. Таквата незавидна ситуација станува крајно неиздржлива. Потребна е итна акција, бидејќи сите изговори одамна паднаа во вода со стапувањето во сила на Лисабонскиот договор.

Tags:

Leave a Comment