Подкаст: Отчетност на полицијата – Како функционира механизмот за внатрешна контрола?
Share
Во рамки на проектот „Подобрување на транспарентноста и на отчетноста на полицијата во Република Северна Македонија“ изработен е истоимениот подкаст во кој се дискутираат аспектите на работа на полицијата. Во ова видео гостува г. Цветанка Цурева, началник на Одделението за интегритет, превенција од корупција и заштита на човекови права во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди (ОВККИПС) во рамки на Министерството за внатрешни работи.
Разговорот опфаќа кои се надлежностите на ОВККИПС како механизам за внатрешна контрола врз работата на полицијата, како граѓаните можат да поднесат пријава доколку се соочат со непрофесионално или неетичко однесување од страна на полицијата, како ОВККИПС работи на аспектите на превенција од непрофесионално однесување и корупција во своите редови.
СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ