LOADING

Type to search

Оглас за работа: Проектен/на координатор/ка

„Медиумите за ЕУ“ -- Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ „Медиумите за ЕУ“ -- Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Ние & Јавност Процес на пристапување во ЕУ Работни програми Соопштенија

Оглас за работа: Проектен/на координатор/ка

Share

Евротинк бара нов член на тимот, со позиција проектен/на координатор/ка. Повеќе детали подолу.  

Име на проектот 

Media 4 EU  

Име на позиција 

Проектен/на координатор/ка

Локација 

Скопје, Северна Македонија 

Период на траење 

1 март 2023 – 28 февруари 2026 година 

Обем на работа  

Полно работно време, 40 часа неделно 

 

ОПИС НА ПРОЕКТОТ: 

Главната цел на проектот е да се унапредат капацитетите на медиумите да го покриваат, следат и анализираат преговарачкиот процес на Северна Македонија за членство во Европската унија. Тоа во рамки на преоектот ќе се постигне преку:  

-унапредување на окружувањето за медиумско учество во преговарачкиот процес за членство во Европската унија; 
-зајакнување на професионалните капацитети на медиумите за покривање на европски регулативи, европски политики и вредности и зголемување на можностите за младите новинари; 
-создавање средина за вмрежувачки активности со сродни медиумски организации и професионалци од Европа, со цел поддршка и зајакнување на медиумската писменост и разновидноста во медиумите. 

УЛОГА ВО ПРОЕКТОТ: 

Проектниот/ната координатор/ка ќе го води проектниот тим одговорен за имплементација на проектот при средбите со клучните странки, партнери, засегнати страни и други организации. Проектниот/ната координатор/ка ќе ги координира истражувачките активности и јавните настани, ќе ја поддржи организацијата на проектот, ќе следи планирање и спроведување на проектите, поддршка на евалуацијата и известување. 

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ: 

  • Ќе управува со целокупното планирање на проектните активности; 
  • Ќе управува со секојдневните оперативни аспекти на проектот; 
  • Ќе управува со персоналот на проектот, како и со распределбата на ресурсите и буџетот; 
  • Во соработка со проектниот асистент, ќе закажува и поддржува состаноци на проектниот тим; 
  • Ќе идентификува потребни ресурси и ќе доделува индивидуални одговорности; 
  • Ќе предлага и спроведува соодветни процедури за работа; 
  • Ќе врши надзор или спроведување на постапките за набавка на услуги и стоки; 
  • Ќе помага во проценката на понудите и ќе одобрува плаќања; 
  • Ќе одржува на ефективна комуникација и работни односи со целната група и партнери; 
  • Ќе го следи и оценува напредокот на проектот; 
  • Ќе подготвува извештаи за донаторот и организацијата; 
  • Ќе ги координира и следи сите истражувачки активности на проектот; 
  • Ќе ја координира и менторира работата на грантистите и ќе ги разгледува нивните привремени и финални наративни извештаи; 
  • Заедно со другите членови на проектниот тим ќе биде вклучен/а во спроведувањето на обуките за грантистите; 
  • Ќе биде надлежен/на за организирање и координација на сите јавни настани што се однесуваат на проектот; 
  • Други активности во согласност со проектниот документ. 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: 

  • Универзитетска диплома за завршени студии од области сродни со програмските области на ЕВРОТИНК. Постдипломски и докторски студии ќе се сметаат за предност; 
  • Минимум пет години работно искуство во граѓанскиот сектор и на сродни теми; 
  • Напредно ниво на познавање на англиски јазик (говорење и пишување); 
  • Способност за аналитичко и критичко размислување;
  • Личен интегритет. 

Заинтересираните лица да достават CV и мотивационо писмо на info@eurothink.mk најдоцна до 20.02.2023 

 

Tags:

Leave a Comment