LOADING

Type to search

Едукативно – дебатна сесија (Еуроток)

За реформите во безбедносно-разузнавачкиот сектор Правда, слобода и безбедност Работни програми

Едукативно – дебатна сесија (Еуроток)

Share
На 6 јули 2022 година, Евротинк – Центар за европски стратегии во соработка со Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ) организираше сесија на ЕУРОТАЛК со заменик директорката на Агенцијата за разузнавање на Република Северна Македонија, г-ѓа Александра Бакревска Додевска. Сесијата се одржа во просториите на хотел Солун во Скопје, каде што присуствуваа значителен број гости од граѓанскиот сектор, главно претставници на „Мрежата 24“ (мрежа на граѓански организации што работи во полето на преговарачкото поглавје 24 на ЕУ: Правда, слобода и безбедност) новинари и претставници на медиумите.
 
Целта на сесијата беше да се дискутира за комуникацискиот пристап на Агенцијата за разузнавање (АР) на Република Северна Македонија кон јавноста, соработката помеѓу граѓанското општество и Агенцијата, како и на кој начин да се зајакне довербата помеѓу Агенцијата и јавноста. На почетокот на настанот, г-ѓа Бакревска Додевска даде општ осврт на работата на Агенцијата, во контекст на нивната транспарентност и комуникациските стратегии кон јавноста. Посебно беше истакнато дека поради сензитивниот опсег на работа на агенцијата, комуникацискиот пристап кон јавноста е прилично специфичен.
 
По излагањето на заменик директорката на Агенцијата за разузнавање, следеше конструктивна дискусија со присутните. Оваа сесија на ЕУРОТАЛК е прва по ред на едукативно-дебатни сесии поврзани со безбедносниот сектор како дел од заложбата и активноста превземена од Евротинк на тема: „Проактивни агенции за поголема граѓанска доверба“ – Подобрување на стратегиите за јавна комуникација на агенциите од безбедносниот сектор во Северна Македонија – финансиски поддржана од Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ) како дел од Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор 2021 – 2026 година имплементирана од ДЦАФ.
Tags:

Leave a Comment