LOADING

Type to search

Упорност кон ЕУ

ЕВРОМЕТАР ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Северна Македонија Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Северна Македонија Правда, слобода и безбедност Публикации Работни програми

Упорност кон ЕУ

Share
eu, flag, europe

Истражувањето (изработено во 2022 година) покажа дека 40 % од граѓаните се со став дека во РС Македонија нема демократија. Во овој момент речиси половина сметаат дека работите во РС Македонија се движат во погрешна насока. 69 % од јавноста смета дека „членството на РС Македонија во ЕУ е добра работа“. ЕУ се перципира како доминантен економски фактор и унија базирана на правила и прописи. Граѓаните (48 %) не се задоволни од односот на ЕУ кон РС Македонија, за кој сметаат дека е нефер и уценувачки, наспроти 30 %, кои сметаат дека е тој фер и пријателски. И покрај тоа, речиси две третини (63 %) сметаат Европската Унија е најдобрата алтернатива за РС Македонија, наспроти една третина, кои се согласуваат со исказот дека РС Македонија треба да бара сопствен модел за развој надвор од ЕУ. Во врска со отпочнување на пристапните преговори, една четвртина очекуваат дека тоа може да биде во следните шест месеци, а околу една третина очекува влез во ЕУ во наредните пет години.

И покрај одредена скептичност кон Европската Унија и кон терминот за отпочнување на пристапните преговори, речиси три четвртини (74 %) од испитаниците доколку се одржи референдум за влез на РС Македонија во ЕУ, би гласале со „да/за“. Како главни причини на поддршката за влез во ЕУ се наведуваат подобриот животен стандард и поголемата демократија (судство, слобода на медиумите, владеење на правото итн.). 15 %, кои на ваков референдум би гласале „не/против“, всушност, се евроскептици, кои сметаат дека ништо нема да се подобри, ќе се влоши животниот стандард, ќе се зголеми иселувањето итн. Генералната процена за меѓународната позиција на РС Македонија денес во споредба со пред 12 месеци е дека таа е послаба, но се проценува дека по 12 месеци ќе биде посилна. Во повисок, но сличен процент (42 – 44%), граѓаните проценуваат дека позицијата останала иста како пред 12 месеци и дека ќе остане иста и по 12 месеци. Во однос на меѓународната позиција на РС Македонија, една третина сметаат дека во овој момент постојат држави/институции што претставуваат закана за РС Македонија. На прво место се споменува Бугарија (23 %), додека, пак, другите се споменати во значително помал процент (опсег 0–2 %). Наспроти ова, но во истиот контекст, како најголем пријател на РС Македонија спонтано се посочува Србија (24 %), САД (17 %), ЕУ(9 %), Турција (9 %), Германија (5 %) итн.

Tags:

Leave a Comment