Завршна конференција на ЕВРОТИНК и DCAF

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

Денес, во хотелот “Double Tree by Hilton” се одржа завршна конференција организирана од страна на ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии – Скопје, поддржана од страна на DCAF – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, во рамки на Програмата за реформа на разузнавачкиот сектор во Република Северна Македонија 2017-2021, на која беше презентирана анализата “Реосмислување на демократскиот надзор над безбедносните и разузнавачките служби”, изработена од страна на истражувачкиот тим на ЕВРОТИНК.

На конференцијата говорници беа Еролд Муслиу, Директор на Агенцијата за разузнавање, Марија Јаническа, советничка во Оперативно-техничката агенција – ОТА), Љупчо Пренџов (претседател на Комисија за надзор над Агенција за национална безбедност и Агенција за разузнавање), Славјанка Петровска членка на истата собраниска комисија и проф. д-р Гордан Калајџиев, редовен професор по Кривично процесно право на Правниот факултет во Скопје и поранешен член на Советот за граѓански надзор.

Покрај претставниците на медиумите, на конференцијата присуствуваа пратеници од актуелниот состав на Собранието, претставници на граѓанскиот сектор и членови на академската заедница.

На првиот дел од конференцијата, присутните имаа можност да чујат повеќе за моменталната состојба на реформите во безбедносниот сектор, конкретно за работата и предизвиците со кои се соочуваат Агенцијата за разузнавање и Оперативно техничката агенција.

На вториот дел од конференцијата, во фокусот беше парламентарниот надзор и граѓанскиот надзор врз работата на разузнавачко-безбедносните служби. Дискутирани беа проблемите и предизвиците со кои се соочуваат парламентарните комисии кои се задолжени за надзор врз АР, АНБ и ОТА. Професорот Калајџиев даде осврт на проблемите со кои се соочил Советот за граѓански надзор во периодот додека тој активно учествувал во неговата работа.

Присутните имаа можност да земат учество во денешниот настан преку поставување прашања до присутните панелисти и дискусија во врска со одредени аспекти од функционирањето на безбедносно-разузнавачкиот апарат во С. Македонија.

Како главен заклучок од денешната конференција, може да се констатира дека иако реформата на разузнавачкиот сектор во државата во голем дел даде резултати, потребно е континуирано залагање од сите засегнати чинители, за успешно поставување на функционален, силен, ефикасен и демократски парламентарен, но и граѓански надзор врз работењето на овие важни институции од редот на безбедносниот апарат на државата.

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа