LOADING

Type to search

#EUROTALK – Средба на граѓанските организации со Заменик директорот на Агенција за разузнавање

ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес За реформите во безбедносно-разузнавачкиот сектор За реформите во безбедносно-разузнавачкиот сектор Настани Ние & Јавност Правда, слобода и безбедност Работни програми

#EUROTALK – Средба на граѓанските организации со Заменик директорот на Агенција за разузнавање

Share

На 18 февруари 2021 год. ЕВРОТИНК – Центарот за европски стратегии одржа уште една од едукативно-дебатните сесии #EUROTALK за време на кој имаше чест како гостин-говорник да ја претстави г-ѓа Александра Бакревска Додовска, Заменик-директор на Агенцијата за разузнавање на Република Северна Македонија.  

На настанот на кој присуствуваа десетина претставници од граѓанските организации кои работат на прашања поврзани со безбедноста, се отворија прашања поврзани со реформскиот процес на безедносно-разузнавачките служби. Присутните имаа можност да ги разменат своите ставови и очекувања кои произлегуваат од усвојувањето на новиот Закон за Агенцијата за разунавање. Дел од темите опфатени на дискусијата беа механизмите за надзор и контрола на работата на Агенцијата, како и безбедносните придобивки на земјата од членството во НАТО.  

Настанот се организираше со поддршка на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор DCAF како дел од активностите за поддршка на граѓанскиот сектор во рамките на „Програмата за реформи во разузнавачкиот сектор во Северна Македонија (2017-2020).“ 

Tags:

Leave a Comment