LOADING

Type to search

Компаративна анализа 2010-2013

Публикации

Компаративна анализа 2010-2013

Share

Компаративна анализа 2010-2013

И оваа година направивме компаративна анализа на извештаите за напредокот на Република Македонија односно на забелешките и проблемите нотирани од Европската комисија за периодот 2010-2013 година. Целта на оваа анализа е подобро да се утврди темпото со кое Република Македонија се приближува – или се оддалечува – од Европската унија. За таа цел се користи методологија според која се разгледуваат исклучиво проблемите (а не постигнувањата) и истите се систематизираат со три бои и тоа: 1) Со стандардна боја и фонт се обележани новите забелешки од годинашниот извештај; 2) Со стандардна боја и задебелено се обележани наодите кои се повторуваат барем во еден од претходните извештаи; и 3) со портокалова боја се обележани проблемите кои се повторуваат во минатите две и/или повеќе години. На пример, во поглавјето 19 (Социјална политика и вработување), во делот на „Вработување“ за првпат се споменува фактот дека „Јавниот сектор и натаму е најголемиот работодавец“ и затоа оваа забелешка ја обележавме со стандардна боја и фонт. Од друга страна, коментарот „Долготрајната невработеност, високата стапка на невработеност на младите и ниското учество на жените на пазарот на трудот се сериозни причини за грижа“ е показател дека истиот проблем бил нотиран и лани и поради тоа е обележан со стандардна боја и задебелено. И конечно, со портокалова боја на фонтот е обележан коментарот „Буџетот наменет за активната програма на пазарот на труд е мал, дури и намален“, бидејќи се провлекува во најмалку три извештаја.

Tags: