LOADING

Type to search

Учество на настан за модели на отчетност на институциите од безбедносниот систем

Настани Ние & Јавност

Учество на настан за модели на отчетност на институциите од безбедносниот систем

Share

На 22 октомври 2019 год. Фондацијата Метаморфозис и IFEX – Светската мрежа за заштита на правото на изразување организираа конференција насловена како „Модели на отчетност на институциите од безбедносниот систем“.

Како говорничка на првата панел дискусија учествуваше Магдалена Лембовска, проектна координаторка и истражувач во ЕВРОТИНК, која имаше излагање на тема „Предизвици во доброто управување  и препораки за модели на отчетност на институциите кои ги спроведуваат законите за националната безбедност“. 

„Се донесе Законот за Агенцијата за национална безбедност и од 1ви септември новата Агенција официјално започна со работа. Но ова ни оддалеку не значи дека сме ја завршиле реформата на безбедносно-разузнавачкиот сектор.“ – истакна Лембовска.

Претставничката на ЕВРОТИНК зборуваше и за предизвиците при спроведување на парламентарниот надзор над разузнавачките служби, посебно во однос на политизацијата на надзорот, слабите капацитети, нејасните законски одредби, како и недостигот на алатки за вршење на надзорот. Дополнително, под прашање е доведен и легитимитетот на парламентарниот надзор, со оглед на слабите резултати и ниската доверба на граѓаните во Собранието.

На истата сесија зборуваа и  проф. д-р Кебир Авзиу, декан на Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово и проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност при универзитетот „Климент Охридски“ од Битола. 

Втората панел дискусија беше посветена на следењето на комуникациите, а како говорници учествуваа Александар Николов од асоцијацијата „Зенит“, Андреј Петровски од фондацијата SHARE и доц. д-р Ице Илијевски, член на Советот за граѓански надзор.

Tags:

Leave a Comment