LOADING

Type to search

Одржана #ЕВРОТОК сесија на тема пропагандните и субверзивни наративи во медиумите

ЕВРОТОК Настани Ние & Јавност Соопштенија

Одржана #ЕВРОТОК сесија на тема пропагандните и субверзивни наративи во медиумите

Share

 

На 22 февруари, среда, во просториите на Евротинк се одржа #ЕВРОТОК сесија на која се дискутираа пропагандните и субверзивни наративи за односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, како и за воениот конфликт во Украина, и нивното влијание врз граѓаните и македонското општество во целина. Темите се рагледуваа во контекст на евроинтеграциските процеси на земјава, и во контекст на односите на западните земји и ЕУ со Русија.

Говорници на сесијата беа: Билјана Бејкова, Сеад Џигал, Љупчо Петковски и Димитар Николовски. На сесијата присуствуваа уште 15-тина гости кои професионално се бават со темата од различни аспекти и придонесоа кон конструктивна и динамична дискусија.

На настанот беше направена презентација на наодите од најновото истражување на НВО Инфоцентарот: „Пропагандните наративи во медиумите за односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и за воениот конфликт во Украина“. 

#EUROTALK е едукативно-дебатна сесија според правилото на Chatham House.

 

 

Tags:

Leave a Comment