Членови од тимот на Евротинк – Центар за европски стратегии, на покана од ICITAP, присуствуваа на обуката „Комуникација со заедниците“ за полициските службеници од СВР Скопје.
Полициските службеници од средно раководниот кадар при СВР Скопје ја завршија тридневната обука за програмата „Комуникација со заедниците“, реализирана од страна на сертифицирани обучувачи при МВР, како дел од ICITAP програмата при Амбасадата на САД, која се спроведе и во останатите сектори за внатрешни работи.
Во рамки обуката свое гостување имаа и програмскиот менаџер во ICITAP Одделот за правда при Амбасадата на САД Карл Кларк, градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ, и помошник директорот на Единицата за стратешко планирање, стандарди и контрола на квалитет Ѓоко Котевски. Тие ја истакнаа важноста на оваа програма со која полициските службеници се стекнуваат со нови знаења и вештини во насока на подобрување на квалитетот на полициската соработка со заедниците.
Евротинк, како гости на обуката, одржаа и кратка презентација на наодите за ставовите и перцепциите на граѓаните за полицијата во областите транспареност, отчетност и инклузивност.


