Јавен повик за надворешен/на соработник/чка за анализи и поддршка при креирање на локална младинска стратегија

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

ОПИС НА ПРОЕКТОТ:

Евротинк – Центар за европски стратегии го имплементира проектот „Општина Бутел отворена за младите“, финансиран од Европската Унија во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″ спроведуван од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА.

Општата цел на проектот е да придонесе кон овозможување и поттикнување на младинско учество во спроведувањето на локалните младински политики и во носењето одлуки за прашања и проблеми кои ги засегаат или се од интерес на  младите на ниво на Општина Бутел. Оттука, зајакнувањето на капацитетите на членовите на Локалниот младински совет како и  на општинската администрација и членовите на Советот на Општината Бутел за креирање, спроведување и следење на имплементацијата на младински политики и зголемениот интерес и мотивација, како и зајакнати капацитети на засегнатите групи на млади на територија на Општината за активно граѓанско и младинско учество на локално ниво и придонес кон одржлив развој на локалната заедница претставуваат синергични поаѓачки целни позиции кои носат до општата и крајна цел, а тоа е овозможување и поттикнување на младинско учество во спроведувањето на локалните младински политики во Општина Бутел.

Целите на проектот ќе се исполнат преку следниве активности:

  • Следење на спроведувањето на основање на Локалниот младински совет во општина Бутел
  • Истражување и анализа на состојбата на младите во Општина Бутел
  • Поддршка на ЛМС за Конципирање на Младинската Стратегија
  • Мапирање, идентификација, селекција и мобилизација на стратешки партнери
  • Поддршка на ЛМС за изработка и изготвување за Младинската програма Периодични консултации со физичко присуство
  • Електронски консултации
  • Стартен настан со покана на сите засегнати страни
  • Консултативна средба со претставници на младински иницијативи
  • Обуки со членови на ЛМС, Советот на Општина Бутел, како и младински организации
  • Тркалезна маса

УЛОГА ВО ПРОЕКТОТ:

Надворешниот соработник ќе го поддржи проектниот тим одговорен за за имплементација на проектот и ќе го поддржи Проектниот менаџер при спроведување на истражувачките активности, на средбите со стратегиските партнери и засегнатите страни, како и олеснување на координацијата во работната група која ќе ја пишува Стратегијата.

ПРОЕКТНИ ЗАДАЧИ:

  • Во соработка со Проектниот менаџер ќе управува со секојдневните оперативни аналитички аспекти на проектот;
  • Во соработка со Проектниот менаџер, ќе закажува, организира и подготвува и/или помага при спроведување на фокус групи и состаноци на проектниот тим;
  • Одржување на ефективна комуникација и работни односи со целната група, засегнати страни и стратегиски партнери;
  • Во соработка со Проектниот менаџер ќе го следи и оценува напредокот на проектот од аналитичка до негова нацрт верзија;
  • Ќе ги помага или координира и следи сите истражувачки и теренски активности на проектот;

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ:

  • Модерирање на фокус групи и обработка на податоците
  • Анализа на онлајн прашалник
  • Олеснување на Локалната младинска стратегија во соработка со работната група

ПЕРИОД НА АНГАЖМАН: 1 јануари – 30 април, 2023 година

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:

  • Универзитетска диплома за завршени студии од области сродни со програмските области на ЕВРОТИНК. Постдипломски студии ќе се сметаат за предност;
  • Познавање на базични канцелариски софтверски алатки, основни познавања на WordPress платформа или сличен ЦМС, и СПСС.
  • Напредно ниво на познавање на англиски јазик (говорење и пишување);
  • Способност за аналитичко и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа во динамична средина;
  • Личен и професионален интегритет.

Заинтересираните лица да достават CV и мотивациско писмо на info@eurothink.mk, најдоцна до 27.12.2022 година.

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа