LOADING

Type to search

Јавен повик за ангажирање на компанија за видео запис

Ние & Јавност Соопштенија

Јавен повик за ангажирање на компанија за видео запис

Share

Барање за понуди за ангажирање на компанија за видео снимање и пост-продукција

Датум на објава: 30.11.2021

Краен рок за аплицирање: до 07.12.2021г. 17:00 часот

Центарот за европски стратегии – ЕВРОТИНК во рамките на проектот насловен: „Вертикално спротивставување на нелегална сеча во Северна Македонија“ кој се спроведува во соработка со Канадскиот фонд за локални иницијативи преку Амбасадата на Канада од Белград објавува барање за понуди за ангажирање на компанија за видео снимање и пост-продукција на 3 видео записи.

Главната цел на проектот е да се информира и да се подигне свеста на јавноста околу последиците од организираниот криминал и нелегална сеча во Северна Македонија како и еколошките последици од истата.

Опис

Во рамките на проектот, предвидено е да се ангажира правно лице кое ќе направи видео снимање на две анонимни видео сведоштва и едно неанонимно видео за ефектите и последиците предизвикани од дивата сеча на шуми. Снимањето на материјалите и пост-продукција е предвидено да се спроведе до 30.12.2021г. Целосниот преглед на спецификациите може да ги видите подолу:

Работни задачи

Специфични задачи кои треба да се извршат во периодот од до се следниве:

  • Снимање на терен на три локации низ државата кои ќе бидат договорени со избраниот изведувач;
  • Снимање на интервјуа-изјави со засегнати страни (две видеа со анонимни сведоштва и едно видео со изјави на преставници на институции или засегнати страни);
  • Секое видео ќе биде долго до 3 минути;
  • Пост-продукција на видео записите со цел да се креира краен продукт за објава;
  • Поставување на текстуален превод на албански и англиски јазик на трите видео записи;
  • Почитување на техничките спецификации кои се зададени во ова барање за понуди;
  • Комуникација со проектниот менаџер за спроведување на активностите.

Потребни квалификации и критериуми за избор

Правните лица треба да ги поседуваат следните квалификации

  • Видео записите да бидат снимени во минимум HD резолуција;
  • Квалитетен звук;
  • Да имаат искуство од минимум 3 години во изработка на исти/слични видео записи според потребата на проектот.

Правното лице ќе биде одговорно за

  • Видео: Снимање, постпродукциска обработка, монтажа и графичка и звучна обработка на три видео записи

Документи за пријавување

Заинтересираните апликанти треба да ги достават следните документи:

  • Референци (портфолио) за Понудувачот за изработени видео записи
  • Финансиска понуда која вклучува ДДВ

Предвид ќе бидат земени само оние понуди кои ги исполнуваат условите и кои ќе испратат комплетна документација.

Потребните документи се доставуваат на , со назнака „Апликација за видео продукција“, најдоцна до 07.12.2021 година, до  17:00 часот. Понудите пристигнати по рокот нема да бидат земени во предвид. Дополнително доколку имате одредени прашања поврзани со повикот може да ги доставите до Проектниот менаџер Александар Стојановски на следниот емаил:

 aleksandar.stojanovski@eurothink.mk  или на 070 212 504

Центарот за европски стратегии – ЕВРОТИНК ќе ги евалуира доставените понуди врз основа на квалитет на различни елементи на пристигнатите апликации, релевантното искуство вклучувајќи го и предложениот буџет и ќе одлучи за најсоодветниот изведувач.

Со почит,

Тимот на ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии

Tags:

Leave a Comment