Регионална интеграција

Одржана #ЕВРОТОК сесија на тема пропагандните и субверзивни наративи во медиумите

На 22 февруари, среда, во просториите на Евротинк се одржа #ЕВРОТОК сесија на која се дискутираа пропагандните и субверзивни наративи за односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, како и за воениот конфликт во Украина, и нивното влијание врз граѓаните и македонското општество во целина. Темите се рагледуваа во контекст на евроинтеграциските процеси на земјава, и …

Одржана #ЕВРОТОК сесија на тема пропагандните и субверзивни наративи во медиумите Read More »

Експертски извештај: Препораки од експертската група за спроведување на итни реформски приоритети во областа на владеење на правото

Ивештајот на експертската група од 2015 година со препораки за спроведување на итни реформски приоритети во областа на владеење на правото, е објавен за истражувачки и архивски цели.  

Перцепциите на граѓаните за надворешната политика по бугарското „не“ за почеток на преговорите

• Значително се намалува процентот на граѓани што веруваат дека меѓународната позиција надржавата денес е посилна во однос на минатата година, додека значително е пораснат и уделот награѓани што веруваат дека е таа иста во однос на минатата година. Во исто време, паѓа оптимизмоти за иднината, што е видливо во намалениот процент на граѓани што …

Перцепциите на граѓаните за надворешната политика по бугарското „не“ за почеток на преговорите Read More »

Регионална интеграција

Оваа програма ги опфаќа 1) хармонизацијатa на билатералните односи на државата со
соседните држави членки на ЕУ, 2) учествотo во и промоција на инструментите за
продлабочување на регионалната соработка, кои се комплементарни со процесот на
проширување како Берлинскиот процес, иницијативата за создавање Регионална економска
област и 3) Билатерална и мултилатерална политичка, економска, безбедносна и друг вид
соработка меѓу земјите од Балканот и Југоисточна Европа.
Во изминатите две години, РСМ успеа значително да ги подобри билатералните односи со
соседните држави преку потпишување договори за добрососедство со Бугарија и Грција.
Имплементацијата на договорите неминовно стана влогот на државата во надежта за
одблокирање на евроинтеграциите и членството во НАТО. Со тоа, имплементацијата на
договорите е дел од политиката на условеност и процесот на пристапување. Во изминатите
години, ЕВРОТИНК работеше на хармонизацијата на односите со Грција и Бугарија
поддржувајќи го Преспанскиот договор како влог за стабилизацијата на регионот. Во
претстојниот период, ЕВРОТИНК одблизу ќе ја следи имплементацијата на Преспанскиот
договор и ќе покренува и поддржува иницијативи за зголемена соработка и доверба меѓу
актерите од РСМ и Грција и преку Програмата Симфонија. Една од главните активности ќе
биде вмрежувањето со актери од Грција и Бугарија и создавање платформа за заедничко
застапување за одблокирање на европските интеграции пред колебливите влади од Западна
Европа.
Во услови на замор од проширувањето, зголемена колебливост на западноевропската јавност
кон Западниот Балкан и демократско назадување во некои од државите што се во процес на
пристапни преговори, во изминатите години државите членки покренаа низа иницијативи
како Берлинскиот процес. ЕВРОТИНК ќе продолжи да работи на поддршка на сите овие
иницијативи, вклучително и преку организирање регионални форуми на граѓанското
општество, вмрежување, истражувања и заедничко лобирање со партнери од регионот.

ЕВРОМЕТАР 2018 – Добрососедски односи и надворешна политика

Истражувањето се осврнува на добрососедските односи помеѓу Македонија и Грција, како и Македонија и Бугарија, а го изработи Евротинк, за заеднички потреби со Фондацијата Фридрих Еберт. Анкетното истражување беше спроведено од 01 до 23 март 2018 година, со прашања кои во голем дел се поклопуваат со прашањата поставени на анкетно истражување во соседна Грција, спроведно …

ЕВРОМЕТАР 2018 – Добрососедски односи и надворешна политика Read More »

Македонија и Бугариjа – Толку блиски, а сепак толку далечни

Бугарското „не“ за почетокот на преговорите со Македонија во декември 2012 (не)оправдано изненади многумина во Македонија, особено поради фактот дека од 2008 година медиумите постојано известуваат дека Бугарија размислува за условување на пристапувањето на Македонија со подобрување на билатералните односи.