LOADING

Type to search

Поврзување на граѓанските општества: Северна Македонија и Бугарија

Клучни информации за проектот

Донатор

Амбасада на Република Чешка во Македонија

Временска рамка на спроведување

април 2023 – септември 2023

Општа цел на проектот

Целта на проектот е насочен кон градење доверба, спречување конфликти и помирување, врз основа на меѓусебно разбирање и почит. Овој проект всушност претставува продолжување на веќе воспоставените врски меѓу граѓанските општества во двете земји.

Специфични цели на проектот

Зголемена соработка и позитивни односи меѓу претставниците на двете граѓански општества и;

Порелаксирана атмосфера преку демистификација на лажните вести за Бугарија преку кампања на социјалните мрежи, наменета за македонската јавност.

Активности

· Кафе дебати и вмрежување со ГО од Бугарија: најмалку 3 кафе дебати на кои прeку неформални средби ќе се обезбедат вмрежувања и зближување на ГО, младите но и ескпертите на актуелни теми;

· Афирмативна акција за подобрување на односите: Собир на граѓанското општество, тридневен настан на кој ќе се сретнат 10 македонски и 10 бугарски претставници за да разговараат за прашањата за соработка и надминување на разликите. Ќе бидат поканети меѓународни експерти за преговори да ги олеснат. Тие ќе служат и како консултанти во подготвителниот период.;

· Онлајн ресурс: Ќе се користи порталот www.eu.org.mk. На нашата специјализирана платформа за интеграција во ЕУ ќе биде објавени одржаните Евротинк кафе дебати, собирот од граѓанскиот сектор како и елeктронската верзија на публикацијата која ќе го сублимира целокупниот проект. Редовни ажурирања за активностите на социјалните медиуми Facebook, Twitter, Instagram и LinkedIn.

Врски помеѓу граѓанските општества: Северна Македонија и Бугарија

Целта на проектот „Врски помеѓу граѓанските општества: Северна Македонија и Бугарија“ беше насочена кон градење доверба, спречување конфликти и олеснување...

Медиумите – еден од клучните елементи во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Евротинк - Центар за европски стратегии беше домаќин на третата кафе дебата во рамките на проектот: „Поврзување на граѓанските општества:...

Евротинк кафе дебата: „Заеднички визии, заеднички предизвици: односите меѓу Северна Македонија-Бугарија низ призмата на младите“

На 4ти септември 2023 година, Евротинк – Центар за европски стратегии ја одржа втората Евротинк кафе дебата насловена: „Заеднички визии,...

Унапредување на прекуграничната соработка на граѓанското општество во Северна Македонија и Бугарија

Од 28-ми до 30-ти јуни, 2023, Евротинк - Центарот за Европски Стратегии организираше работилница насловена: „Унапредување на прекуграничната соработка на...

Евротинк кафе дебатa: „Улогата на граѓанското општество во односите меѓу Севeрна Македонија и Бугарија”

На 12 мај 2023 година, Евротинк - Центарот за европски стратегии го одржаа почетниот јавен настан Евротинк кафе дебата, насловена:...