LOADING

Type to search

„Медиумите за ЕУ“ -- Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ

Клучни информации за проектот

Донатор

Европска унија

Временска рамка на спроведување

март 2023 – февруари 2026

Општа цел на проектот

Надградување на медиумските капацитети за покривање, следење и испитување на преговарачкиот процес за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Специфични цели на проектот

· Да се подобри амбиентот за учество на медиумите во процесот на преговори за членство во ЕУ

· Да се зајакнат медиумските професионални капацитети на новинарите кои се од земји што не се членки на ЕУ, за регулативите, политиките и вредностите на ЕУ и да се подобрат можностите за младите новинари.

· Да се создаде средина за активности за вмрежување со европските колеги и колеги од медиумскиот сектор, да се поддржи и подобри медиумската писменост и различноста на медиумскиот пејзаж

Активности

· Истражување на јавното мислење за медиумскиот сектор поврзано со известувањето за ЕУ интеграции на Република Северна Македонија.

· Обуки за медиумите за известување на интегративнниот процес на земјата во 8те плански региони

· Менторска програма за млади новинари-практиканти.

· Две Школи за европски политики

· Активности за вмрежување на медиумите и новинарите од земјата со соодветни медиумски институции од државите членки на ЕУ (студиски посети, фокус групи и средби)

· Грант шема за НВОи и медиуми од 8те плански региони за приближување на преговарачкиот процес на Република Северна Македонија со ЕУ до граѓаните и до нивните интереси. Износот по поединечен грант е проектиран да биде до 15,000€.

· Продукција на новинарски материјали за структурите на ЕУ; преговарачкиот процес на Република Северна Македонија со ЕУ; новата преговарачка методологија и сл.

· Континуиирана комуникација со медиумската и со генералната публика за сите активности и аспекти на проектот кои се од интерес и важност за граѓаните

Повик за учесници на Седма школа за европски политики

MK/ALB Тема на Школата: Евроинтегративните процеси низ призма на новата методологија Школата за европски политики е традиционална активност на Евротинк…

Промо-видео за проектот „Медиумите за ЕУ“

Промо видео за проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство...

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД СПРОВЕДЕНА АНКЕТА – ЕВРОМЕТАР 2023

Покана за медиуми Предмет: ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД СПРОВЕДЕНА АНКЕТА – ЕВРОМЕТАР 2023 вторник 24.10.2023, 11:00, Холидеј Ин  Евротинк –...

Резултати од истражување на јавно мислење Еврометар октомври 2023

Подолу можете да го преземете истражувањето на јавното мислење „ЕВРОМЕТАР 2023: Перцепции и ставови на граѓаните на Република Северна Македонија...

Одржан почетниот настан за проектот „Медиумите за ЕУ“ Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ

На 29 март 2023, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, Евротинк – Центарот за европски стратегии, заедно со партнерите Европска...

Евротинк започнува со имплементација на проектот „Медиумите за ЕУ“- Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ

Проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во...

Оглас за работа: Проектен/на координатор/ка

Евротинк бара нов член на тимот, со позиција проектен/на координатор/ка. Повеќе детали подолу.   Име на проектот  Media 4 EU   Име…