LOADING

Type to search

Нетрасиран пат: Граѓански ангажман во образованието, истражувањето и мониторингот поврзан со Поглавје 24

Клучни информации за проектот

Донатор

Норвешка амбасада во Белград и Балкански фонд за демократија, Германскиот Маршал фонд на Соединетите Американски Држави

Временска рамка на спроведување

март 2020 – февруари 2021

Општа цел на проектот

Целта на проектот е да се подобри процесот на интеграција во ЕУ на Северна Македонија во однос на Поглавје 24, со зајакнување на граѓанското општество и граѓаните преку создавање и споделување на информации, градење на капацитети и трансфер на знаење.

Специфични цели на проектот

Поконкретно, идејата е да се зголеми значајниот ангажман на граѓанското општество и нејзините организации во следењето на претстојните фази на интеграција во ЕУ во врска со Поглавје 24 со обезбедување конкретни информации и специфични знаења, како и мрежно поврзување за процесот и неговата динамика.

Активности

A1. Креирање на едукативни ресурси:
1. Прирачник за Поглавје 24
2. 20 написи во форма на коментари, интервјуа и сл., издадени за специјална веб платформа за ЕУ интеграции
3. Две дигитални стории
4. Собирање и објавување на релевантни документи за Поглавјето 24 на eu.infо.mk
A2. Истражување:
1. Мрежна анализа за РСМ релевантна за Поглавјето 24.
2. Анализа на усогласеноста на РСМ со Acquis како дел од Поглавјето 24;
3. Истражување на јавното мислење (ЕВРОМЕТАР) за перцепциите во однос на правда, слобода и безбедност
A3. Градење капацитети
1. Две информативни работилници (EUROTALKS) со релевантни чинители;
2. Четири работилници за претставници на ГО за градење на нивните капацитети за мониторирање на Поглавјето 24 ;

ПОГЛАВЈЕ 24 ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПИЛОТ СТУДИЈА

„Насочување на управувањето и реформите во безбедносниот сектор како дел од новата методологија за пристапување во ЕУ“ Резиме: • Новиот кластерски пристап кон процесот…

РЕЗИМЕ ЗА ШКОЛАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПОЛИТИКИ ОРГАНИЗИРАНА ОД ЕВРОТИНК – ЦЕНТАР ЗА ЕВРОПСКИ СТРАТЕГИИ

Во периодот од 03 до 16 февруари, 2021 година ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии организираше Школа за европска политика….

НАСОКИ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ПОГЛАВЈЕ 24

Отстранувањето на контролите на внатрешните граници, создавањето на зедничкиот пазар и воспоставувањето на четирите слободи на движење како клучен принцип…

ПРАВДА, СЛОБОДА, БЕЗБЕДНОСТ Водич низ политиките, институциите и законодавството на Европската Унија

Политиките на ЕУ имаат цел да ја развиваат Унијата како подрачје наслобода, безбедност и правда за да се обезбеди слободно…

Перцепциите на граѓаните за надворешната политика по бугарското „не“ за почеток на преговорите

• Значително се намалува процентот на граѓани што веруваат дека меѓународната позиција надржавата денес е посилна во однос на минатата…

Еврометар 2020: Еврофилијата посилна од бугарското „НЕ“

Резиме: • И покрај чувството на горчина, видливо во растот на граѓаните што веруваат дека „односот на ЕУкон РСМ е…

Перцепции на граѓаните за полицијата и за безбедноста

• Армијата ужива најголема доверба од граѓаните. Полицијата, заедно со верските заедници, годели второто место, но нискиот процент (43 %)…

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ ШКОЛА ЗА ЕВРОПСКИ ПОЛИТИКИ

ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии има чест да ве покани да бидете дел од шестата Школа за европски политики….