LOADING

Type to search

Справување со нелибералните и евроскептичните наративи оддолу

Клучни информации за проектот

Донатор

Европа за граѓаните

Временска рамка на спроведување

март 2021 – август 2022

Општа цел на проектот

Справување со нелибералните наративи и евроскептицизмот оддолу во четири земји во Европа: Северна Македонија, Италија, Полска и Словенија.

Специфична цел на проектот

Создавање средина за заемно споделување на искуства преку воспоставување на национални и меѓународни мрежи за справување со нелибералните и евроскептичните наративи.

Активности

1. Спроведување на истражување кое ќе ги мапира клучните жаришта на евроскептицизмот во секоја од четирите земји.
2. Спроведување на фокус групи и интервјуа во неколку заедници во секоја од четирите земји.
3. Изработка и објавување на 5 брифови кои ќе ги содржат главните наоди и препораки со цел да се советуваат засегнатите страни како подобро да се спротивстават на нелибералните и евроскептичните наративи.
4. Врз основа на наодите од истражувањето, организирање на 2 дебати во соодветните земји – членки на ЕУ и 3 дебати во Северна Македонија со цел да се прошират резултатите, да се вклучат повеќе засегнати страни и да се разменат знаења и искуства во борбата против нелибералните/ евроскептичните наративи.

„Справување со нелиберални-евроскептични наративи оддолу“ – Збирка полиси брифови

Евротинк-Центарот за европски стратегии ја објави збирката полиси брифови „Справување со нелиберални-евроскептични наративи оддолу“. Публикацијата е објавена во рамки на…

Финален извештај за имплементацијата на меѓународниот проект „Справување со нелиберални-евроскептични наративи оддолу“

Подготвителни активности: во активностите беа вклучени 12 учесници, од кои 3 учесници од Италија, 2 учесници од Полска, 2 учесници…

Јавна дискусија: „Справување со нелиберални и евроскептични наративи, оддолу“

На 28 септември, 2021, Евротинк -Центар за Европски Стратегии ја организираше првата хибридна дискусија како дел од меѓународниот проект: „Справување со нелиберални-евроскептични наративи,…

Справување со нелиберални-евроскептични наративи оддолу

Скопје, 5ти март, 2021 ЕВРОТИНК – Центарот за европски стратегии со задоволство го објавува почетокот на новиот проект „Справување со…