LOADING

Type to search

Со локални совети за превенција кон подобрена соработка

Клучни информации за проектот

Донатор

Програмата за мали грантови за демократија на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје

Временска рамка на спроведување

август 2022 – октомври 2023

Општа цел на проектот

Да се олесни процесот на соработка меѓу општините, полицијата и граѓаните со цел да се подобри партиципативното одлучување во работата на полицијата, преку зајакнување на функционалноста на Локалните совети за превенција (ЛПС)

Специфични цели на проектот

1. Зајакнување на соработката меѓу локалната самоуправа, полицијата и граѓаните, преку промовирање на концептот на Локалните совети за превенција (ЛПС) со што се овозможува меѓусебна соработка и комуникација меѓу институциите на централно и локално ниво.
2. Допринос кон подобрување на формите на партиципативното одлучување и ефективноста на институциите при решавање на локалните проблеми и
предизвици преку спроведување на примери на соработка преку Локалните совети за превенција (ЛПС) во три општини со различно ниво на развиеност на оваа форма на одлучување.

Активности

1. Избор на три општини за процес на соработка при активирање и зајакнување на локалните совети за превенција;
2. Потпишување на меморандум за соработка со трите општини;
3. Спроведување анкета за перцепциите на граѓаните за локалните безбедносни проблеми во трите избрани локални заедници;
4. Помош на општините преку застапување и зајакнување на концептот на партиципативно донесување одлуки во соработка со Заедница на единиците на локална самоуправа;
5. Активности за застапување за зајакнување на концептот на партиципативно одлучување во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС);
6. Завршна конференција, на која ќе присуствуваат претставници на Министерството за внатрешни работи (МВР), претставници на централната и локалната власт, претставници од граѓанскиот сектор, меѓународните организации и новинари;
7. Објава на две публикации: „Матрица за следење“ и „Научени лекции“.

KËSHILLAT LOKALE PËR PARANDALIMIT PËR BASHKËPUNIM TË PËRFORCUAR LOKAL: LEKSIONET E MËSUARA

Këshillat Lokale për Parandalim (KLP) paraqesin mjet kryesor në zinxhirin e mekanizmave për menaxhimin efektiv të problemeve dhe sfidave lokale…

Одржана конференцијата „Со локални совети за превенција до подобрена локална соработка“

Денес, 25 октомври, во хотелот „Александар Палас“, Евротинк-Центар за европски стратегии одржа конференција на тема „Со локални совети за превенција...

Локални совети за превенција за засилена локална соработка: Научени лекции

Локалниот совет за превенција претставува тело за заедничко дејствување на засегнатите страни и на релевантните чинители во областа на јавната...

Одржана првата седница на Локален совет за превенција во општина Гостивар

На 16 јуни се одржа првата седница на Локален совет за превенција во општина Гостивар. На седницата се разговараше за…

Евротинк присуствуваше на 11-та Седница на лoкалниот совет за превенција во Општина Струмица

Евротинк – Центар за европски стратегии присуствуваше на 11-та Седница на Локалниот совет за превенција во Општина Струмица, кој се…

Потпишан Меморандум за соработка со општина Струмица за зајакнување на локалниот совет за превенција

Евротинк на 11 јануари 2023 потпиша Меморандум за соработка со Општина Струмица со што ја отпочнува со што ја отпочнува…

Потпишан Меморандум за соработка со општина Гостивар за зајакнување на локалниот совет за превенција

Евротинк денес потпиша Меморандум за соработка со Општина Гостивар со што ја отпочнува реализацијата на проектот „Со локални совети за…

Повик до општините од Република Северна Македонија „Со локални совети за превенција кон подобрена соработка”

Евротинк – Центар за европски стратегии отвора јавен повик до општините во Република Северна Македонија за вклучување во проектот „Со…

Евротинк одржа средба со министерот Оливер Спасовски со што означи продолжување на соработката во подобрувањето на работата на полицијата

Вчера Евротинк – Центар за европски стратегии одржа работна средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со што го…

ask, who, what

Евротинк започнува со реализација на проектот „Со локални совети за превенција кон подобрена соработка”

Центарот за европски стратегии – Евротинк започнува со реализација на проектот „Со локални совети за превенција кон подобрена соработка“, поддржан од…

Потпишан Меморандум за соработка со општина Струмица за зајакнување на локалниот совет за превенција

Евротинк на 11 јануари 2023 потпиша Меморандум за соработка со Општина Струмица со што ја отпочнува со што ја отпочнува…