LOADING

Type to search

Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата во Република Северна Македонија

Клучни информации за проектот

Донатор

Национален фонд за демократија на Соединетите Американски Држави

Временска рамка на спроведување

јуни 2022 – јуни 2024

Општа цел на проектот

Главната цел на проектот е да се придонесе кон развојот на полицијата и полициското работење во Република Северна Македонија преку зголемување на демократскиот капацитет на полициската организација по пат на активности за подобрена транспарентност и отчетност.

Специфична цел на проектот

-Да развие опен-сорс методологија за мониторирање на транспарентноста и отчетноста на полицијата како јавен сервис, преку проценка на нивоата на отчетност на полицијата преку анализа на работата на внатрешните и
надворешните механизми за контрола;
– Да поттикне процес на соработка помеѓу релевантните засегнати страни и клучните корисници, како полицијата, граѓанското општество и општинските администрации во Северна Македонија;
– Да го поттикне процесот „полиција во заедницата“ преку потранспарентни и поиновативни комуникации со јавноста.

Активности

1. Остварување процес на консултации со главните засегнати страни за исцртување на проектната рамка на активности;
2. Развој на матрица на индикатори како механизам за мониторинг на транспарентноста и отчетноста на полицијата;
3. Три периодични мерења на нивоата на транспарентност и отчетност на полицијата, со користење на продуцираната матрица на индикатори;
4. Спроведување анкета/истражување за граѓанските перцепциите за безбедносната состојба во земјата;
5. Одржување три работилници на тема транспарентност и отчетност наменети за претставници на МВР, претставници на надворешните механизми за контрола на полицијата и медиумски работници;
6. Објава на тројазична публикација наменета за информирање на јавноста за користење на достапните механизми за надзор на полициското работење;
7. Одржување осум регионални дискусии за разгледување на
поголемите предизвици со транспарентноста и отчетноста на
полицијата во локалните заедници, со учество на локалните засегнати страни;

8. Завршна конференција на која ќе присуствуваат претставници од Министерството за внатрешни работи (МВР) , Владата на Република Северна Македонија, претставници од граѓанскиот сектор, меѓународни организации и новинари. Претставници од МВР и од
надворешните механизми за надзор од канцелариите на
Омбудсманот и на Јавниот обвинител ќе ги презентираат резултатите од нивната работа врзана за активностите за отчетност. Настанот ќе биде отворен за јавноста

Основна процена на транспарентноста и отчетноста во работата на полицијата за 2022 година

Проектот „Подобрување на отчетноста и на транспарентноста на полицијата во Република Северна Македонија“ цели кон: 1) подобрување на постојните практики…

Прв инфографик за транспарентност и отчетност на полицијата: Комуникација со јавноста и резултати од работата на механизмите за контрола – 2022 г.

Инфографикот е изработен во рамки на проектот „Подобрување на отчетноста и на транспарентноста на полицијата во Република Северна Македонија 2022-2024“….

Одржани три тематски работилници за транспарентност и отчетност на механизмите за контрола над работата на полицијата

На 20, 21 и 27 јуни Евротинк одржа три тематски работилници за подобрување на транспаретноста и отчетноста во работата на…

Перцепции и ставови на граѓаните за полицијата во 2022

ЕВРОТИНК – Центарот за европски стратегии веќе 20 години го следи, го набљудува, го анализира и го поддржува пристапувањето на...

Дополнителна информација за методологијата на спроведеното истражување на јавно мислење „ЕВРОМЕТАР 2022“

За потребите на проектот: „Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата во Република Северна Македонија“ имплементиран од Евротинк – Центар…

Анкетно истражување ЕВРОМЕТАР 2022

ЕВРОМЕТАР е истражување преку кое ЕВРОТИНК традиционално го испитува мислењето на граѓаните за прашања поврзани со евроинтеграциите и довербата на…

Евротинк одржа средба со министерот Оливер Спасовски со што означи продолжување на соработката во подобрувањето на работата на полицијата

Вчера Евротинк – Центар за европски стратегии одржа работна средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со што го…

Евротинк започнува со реализација на проектот „Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата во Република Северна Македонија“

Центарот за европски стратегии – Евротинк започнува со реализација на проектот „Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата во Република…