LOADING

Type to search

Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Северна Македонија

Клучни информации за проектот

Донатор

Националниот Фонд за Демократија на Соединетите Американски Држави

Временска рамка на спроведување

јули 2021 – јуни 2022

Општа цел на проектот

Да придонесе кон подобро полициско работење и зголемена доверба во полицијата на Република Северна Македонија.

Специфична цел на проектот

1. Зајакнување на довербата меѓу полицијата и граѓаните, преку промовирање на концептот „полиција во зедницата“ со што се овозможува меѓусебна соработка и комунација.
2. Допринесување кон подобрување на јавното мислење и разбирање во однос на транспарентноста и отчетноста на полициската организација преку зголемен степен на надзор и дијалог.

Активности

1. Анализа на постоечкото законодавство и национални стратегии за да се идентификуваат трендовите и предизвиците кај полицијата и надзорот на нивната работа.
2. Истражување на јавното мислење на национално ниво, за да се измерат граѓанските перцепции и доверба во полицијата.
3. Спроведување на осум (8) фокус групи во осумте плански региони во Северна Македонија.
4. Спроведување на структурирани интервјуа со полициски претставници од осумте плански региони.
5. Изготвување на три документи за јавни политики кои се однесуваат на институционалните предизвици за имплементирање на одржливи политики насочени кон подобрување на полицискиот интегритет, вклучително и студии кои обезбедуваат практични препораки и патоказ кон потранспарентно, отчетно, и партиципативно работење.
6. Спроведување на седум дискусии кои вклучуваат претставници на полицијата, на локалните власти и на граѓанското општество каде ќе се зборува за подобрување на комуникацијата и општествениот дијалог помеѓу граѓаните и полициската организација, но и локалните власти.

Анкетно истражување ЕВРОМЕТАР 2022

ЕВРОМЕТАР е истражување преку кое ЕВРОТИНК традиционално го испитува мислењето на граѓаните за прашања поврзани со евроинтеграциите и довербата на…

Документ за јавни политики „Транспарентност во работата на полицијата во Република Северна Македонија“

Проектот „Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Република Северна Македонија“ се реализира со цел да придонесе кон подобро полициско работење…

Документ за јавни политики – Инклузивност во носење на одлуки во работата на полицијата во Република Северна Македонија

За да се засили владеењето на правото, од суштинско значење се реформите во полицијата, како приоритетна област за понатамошен развој. Полицијата…

Документ за јавни политики: „Кон отчетна полиција во Република Северна Македонија“

Проектот „Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Република Северна Македонија“ се реализира со цел да придонесе кон подобро полициско работење…

Перцепции и ставови на граѓаните на Република Северна Македонија за работата на полицијата

  Граѓаните во моментот на мерењето најголема доверба имаат во Армијата на РС Македонија (47%), во Претседателот на РС Македонија…

Промоција на наоди од истражување – ЕВРОМЕТАР ноември 2021

  Промоција на наоди од истражување – ЕВРОМЕТАР ноември 2021 Денес, ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии ги презентираше наодите…

eu, flag, europe

Упорност кон ЕУ

Истражувањето (изработено во 2022 година) покажа дека 40 % од граѓаните се со став дека во РС Македонија нема демократија. Во…

Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Северна Македонија

Центарот за Европски Стратегии –Евротинк започна со реализација на проект со Министерството за Внатрешни Работи (МВР) на Република Северна Македонија: Кон транспаретна,…