

Kанадскиот фонд за локални иницијативи-(CFLI), Канадска амбасада во Белград.
септември 2022- февруари 2023
Целта на проектот е да се справи со дезинформациите во Северна Македонија во врска со прашањата за европската интеграција, особено развојот на настаните поврзани со спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија.
Целта на овој проект е да се увидат придобивките и позитивните аспекти од имплементирањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, да се анализираат одредените проблематики, но и истите да се решат. Во овој проект предвидено е да се вклучат универзитетски професори, аналитичари и експерти кои низ колумни и анализи ќе дадат посебен осврт на оваа тематика, која е од исклучително значење во овој турбулентен период за двете општества. Дополнително, предвидено е и вклучување на граѓанскиот сектор, кој е клучна алка во целокупниот процес.
Онлајн ресурс: Ќе се користи порталот www.eu.org.mk. На нашата специјализирана платформа за интеграција во ЕУ ќе биде објавена временска рамка за спорот, клучни информации, како и други резултати од проектот. Редовни ажурирања за активностите на социјалните медиуми Facebook, Twitter, Instagram и LinkedIn;
· Информации/описи за јавни политики: најмалку 8 анализи кои ќе произлезат од следењето на спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка;
· Афирмативна акција за подобрување на односите: 2 онлајн дискусии со бугарски истакнати граѓани и активисти на теми за лажни вести и идна соработка помеѓу двете општества/земји;
· Вмрежување со ГО од Бугарија: Почетен настан и завршна конференција со интелектуалци, активисти и претставници на ГО од Бугарија.
СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ