

Завршна конференција: „Некоординирани институции во борбата против нелегалната сеча на шумите“
…
Амбасада на Канада во Србија, Канадскиот фонд за локални
иницијативи
јуни 2021 – февруари 2022
Општата цел на овој проект е мапирање на формите на криминал во однос на нелегалната сеча како еколошки криминал и анализа на институционалните капацитети во насока на справување со истиот. Отчетноста на владата и институциите претставува своевидна цел на овој проект во однос на подобрувањето на институционалните капацитети за справување со нелегалната сеча и преземените активности за време на 2021 година.
Специфична цел на проектот е да ја подигне свесноста кај граѓаните и институциите во врска со последиците од нелегалната сеча како форма на еколошки криминал и да ја потенцира потребата од спречување на дефорестацијата како своевиден директен причинител на климатските промени.
1. Спроведување на анализа и изработка на извештај за градовите Прилеп, Струмица, Гевгелија и Велес, на три јазици (македонски, албански и англиски);
2. Изработка на 3 визуелни продукти;
3. Одржување на почетна и завршна конференција;
4. Активна медиумска и онлајн кампања за подигање на свеста со над 25 објави поврзани со нелегалната сеча;
5. Почетна и завршна конференција
СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ