

Повик за учесници на Седма школа за европски политики
MK/ALB Тема на Школата: Евроинтегративните процеси низ призма на новата методологија Школата за европски политики е традиционална активност на Евротинк…
Европската интеграција и идејата дека земјата ќе стане членка на ЕУ остануваат движечка сила зад реформските процеси и најдобро обезбедување за стабилноста на земјите од Западен Балкан. Пост-авторитарна Северна Македонија се соочува со структурни недостатоци во клучни области поврзани со правната држава и економијата, додека демократска консолидација останува загрозена од внатрешни (можност за повторно зграпчување на системот од политичките елити) и надворешни (мека сила на недемократски актери) негативни влијанија. Сè ова може да ја поткопа довербата на граѓаните во трансформативниот потенцијал на пристапувањето кон ЕУ, намали поддршката за реформите и зголеми атрактивноста на алтернативни модели за развој.
ЕВРОТИНК го гледа пристапниот процес, односно таканаречената “Европска рамка”, како најдобрата алатка за заштита на јавниот интерес. За ЕВРОТИНК, Европската Унија е прашање на внатрешна политика.
Во следните седум години, што се совпаѓаат со финансиската перспектива на ЕУ, ЕВРОТИНК ќе продолжи да применува уникатна комбинација на методи за приближување на процесот на пристапување кон ЕУ до граѓаните преку дизајнирање на акции од кои ќе имаат директна корист локалните актери преку обуки, олеснување на механизмите за локални консултации, поддршка за создавање на локални канали за зелени, дигитални и “смарт” проекти, и директна соработка со локални државни и не-државни актери.
СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ