LOADING

Type to search

Дистрибуирани инфо-материјали за работата на полицијата на граничните премини Долно Блаце, Табановце и Меѓународен аеродром Скопје

Актуелно ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Ние & Јавност Партнери Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата во Република Северна Македонија Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата во Република Северна Македонија Правда, слобода и безбедност Работни програми Соопштенија

Дистрибуирани инфо-материјали за работата на полицијата на граничните премини Долно Блаце, Табановце и Меѓународен аеродром Скопје

Share

Во април 2024 полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди дисеминираа инфо-материјали за граѓани, изработени од Евротинк, како дел од нивните активности за превенција од корупција, заштита на човекови права и јакнење на интегритетот на вработените во Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од ОВККИПС, преку директна комуникација со граѓаните и делење на информативно-едукативен материјал, на граничните премини Долно Блаце, Табановце и Меѓународен аеродром Скопје, ги запознаваа граѓаните со надлежностите на Одделот и начинот на кој можат да ги остварат своите права при поднесување на претставки против вработени во МВР, доколку имаат сознанија за коруптивно/казниво однесување на вработени во МВР или доколку се жртва на незаконско и непрофесионално однесување од страна на вработени во МВР и со тоа им се повредени нивните слободи и права.

ОВККИПС презема превентивни активности со цел да ја подигне свеста кај граѓаните за начините на заштита на нивните права и слободи пред ОВККИПС, а воедно да делува и превентивно врз вработените во МВР, со што ќе се подобри квалитетот во работењето, а во насока на постигнување на крајната цел- сузбивање на корупцијата во редовите на Министерството за внатрешни работи и дополнително зголемена доверба на граѓаните во работата на Министерството.

Инфо-материјалите содржат информации за внатрешниот механизам за контрола над работата на полицијата, неговите надлежности и начин на функционирање, и како граѓаните можат да поднесат претставки.

Инфо материјалите, изработени на 5 јазици, може да ги најдете овде. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Tags: