LOADING

Type to search

Дистрибуирани инфо-материјали за отчетноста на полицијата, како дел од превентивните активности на МВР

Актуелно ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Ние & Јавност Партнери Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата во Република Северна Македонија Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата во Република Северна Македонија Правда, слобода и безбедност Работни програми Соопштенија

Дистрибуирани инфо-материјали за отчетноста на полицијата, како дел од превентивните активности на МВР

Share
Во април 2024, инфо-материјали изработени од страна на Евротинк, а во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и полициски стандарди при Министерството за внатрешни работи беа дисеминирани инфо-материјали за работата на овој оддел.
Полициските службеници од ОВККИПС поделија инфо-материјали под слоганот „РЕАГИРАЈ! Твоите права не треба да бидат предмет на злоупотреба“ во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Делчево, потоа Полициските станици од општа надлежност Делчево, Македонска Каменица, Виница, и Кочани, како и одделенијата за управни работи Делчево и Кочани.
На тој начин ги запознаа граѓаните со надлежностите на Одделот и начинот на кој можат да ги остварат своите права при поднесување на претставки против вработени во МВР, доколку истите имаат сознанија за нивно коруптивно/казниво однесуваење или пак доколку граѓаните се жртва на незаконито и непрофесионално однесување од страна на вработени во МВР или им се повредени нивните слободи и права.
Инфо материјалите, изработени на 5 јазици, може да ги најдете овде. 
Tags: