LOADING

Type to search

Прогласени победниците на натпреварот за млади „Песни за слободата“

ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Ние & Јавност Работни програми Соопштенија

Прогласени победниците на натпреварот за млади „Песни за слободата“

Share

На регионалниот натпревар за млади „Песни на слободата“ за најдобар текст за рок песна жирито во состав Тошо Филиповски, Љупчо Јолевски и Горан Перишиќ имаше тешка задача – од бројните пристигнати текстови требаше да се изберат само тројца најдобри. Сепак – на крајот навистина беа пресудни нијанси, а во продолжение се победничките песни:

🥇Прво место: „И ШО АКО“ на Ева Божиновска од Македонија.
🥈Второ место: „Bijesne kiše“ („Бесни дождови“) од Иман Салаховиќ од Босна Херцеговина.
🥉Трето место: „Да би имал крилја“ од Ивана Петкова од Македонија.

Им благодариме на сите што учествуваа на натпреварот „Песни на слободата“ и го внесоа својот талент и страст во секој стих, а на победниците им честитаме! Вашиот ентузијазам и креативност покажаа дека духот на рокот е сè уште жив и силен.

Информации за финалниот настан и наградите ќе бидат објавени наскоро, а дотогаш продолжете да создавате, да инспирирате и да го споделувате својот талент со светот!

 

Tags: