LOADING

Type to search

Оглас за работна позиција локален/на координатор/ка

Актуелно Ние & Јавност Преспа и Хоризонт: Испитување нетрасирани патишта за одржлчив разој Соопштенија

Оглас за работна позиција локален/на координатор/ка

Share

Евротинк бара нов член на тимот, со позиција локален/на координатор/ка. Повеќе детали подолу.

 

Име на проектот Prespa Meets Horizons: Exploring Uncharted Paths for Sustainable Development (Prespa Meets)
Име на позиција Локален/на координатор/ка
Локација Ресен, Северна Македонија
Период на траење 20 мај 2024 – 19 мај 2027 година
Обем на работа  Полно работно време, 40 часа неделно

 

Главната цел на проектот е да придонесе кон одржлив развој на подрачјето на Преспанското езеро во согласност со соодветната програма на ЕУ и локално дефинираните развојни потреби.

Тоа во рамки на проектот ќе се постигне преку:

Зачувување и валоризирање на културата, природното и културното наследство и вредностите во подрачјето на Преспанското езеро.

Промовирање, подобрување и диверзификација на одржливи и еколошки туристички производи и бизниси во подрачјето на Преспанското езеро.

Подобрување на меѓуграничните размени и соработката помеѓу Северна Македонија, Грција и Албанија во подрачјето на Преспанското езеро преку мобилизација на граѓаните и локалните заедници во адресирање на локалните предизвици.

УЛОГА ВО ПРОЕКТОТ: 

Локалниот/ната координатор/ка ќе помага на Проектниот/ната директор/ка во водењето на проектниот тим одговорен за имплементација на проектот при средбите со клучните странки, партнери, засегнати страни и други организации. Локалниот/ната координатор/ка ќе ги координира градежните активности, ќе ја поддржи организацијата на проектот, ќе следи планирање и спроведување на проектните задачи, поддршка на евалуацијата и известување.

 

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ: 

  • Ќе биде присутен/на 100% од времето во Ресен и подрачјето на Преспанското езеро;
  • Ќе помага со целокупното планирање на проектните активности;
  • Ќе управува со секојдневните оперативни аспекти на проектот;
  • Во соработка со проектниот асистент, ќе закажува и поддржува состаноци на проектниот тим;
  • Ќе предлага и спроведува соодветни процедури за работа;
  • Ќе врши надзор или спроведување на постапките за набавка на услуги и стоки;
  • Ќе помага во проценката на понудите;
  • Ќе одржува ефективна комуникација и работни односи со целната група и партнери;
  • Ќе подготвува извештаи за донаторот и организацијата;
  • Ќе ја координира и менторира работата на грантистите и ќе ги разгледува нивните привремени и финални наративни извештаи;
  • Заедно со другите членови на проектниот тим ќе биде вклучен/а во спроведувањето на обуките за грантистите;
  • Други активности во согласност со проектниот документ.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: 

  • Универзитетска диплома за завршени студии од области сродни со програмските области на ЕВРОТИНК. Постдипломски и докторски студии ќе се сметаат за предност;
  • Минимум пет години работно искуство во граѓанскиот сектор и на сродни теми;
  • Напредно ниво на познавање на англиски јазик (говорење и пишување);
  • Способност за аналитичко и критичко размислување;
  • Одлично познавање на локалните прилики во подрачјето на Преспанското езеро;
  • Личен интегритет.

 

Заинтересираните лица да достават CV и мотивационо писмо наeurothink@eurothink.mk најдоцна до 14.05.2024 година

Tags: