LOADING

Type to search

Дијалози за работата на полицијата во заедницата во 8-те плански региони

ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Настани Ние & Јавност Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата во Република Северна Македонија Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата во Република Северна Македонија Правда, слобода и безбедност Работни програми

Дијалози за работата на полицијата во заедницата во 8-те плански региони

Share

Евротинк во текот на месеците февруари и март 2024 година ќе спроведе серија тематски дискусии во осумте плански региони во државата.

Настаните имаат за цел разгледување на поголемите предизвици со транспарентноста и отчетноста на полицијата во локалните заедници, со учество на локалните засегнати страни, преку комуникација со различни цивилни локални и национални актери, но и полициски структури. Дискусиите треба да резултираат во предлагање практични решенија и препораки, како и подигнување на свеста на различните засегнати страни околу потребите и предизвиците на демократското полициско работење. Крајната цел е да се одговори на потребата од зголемен дијалог и комуникација кои би придонеле кон подобрени јавни политики во работа на полицијата, а во соработка со граѓаните.

Настаните ќе ги обединат претставниците на локалната полиција, локалните новинари, администрациите на локалната самоуправа, граѓанските организации и граѓаните во локалните заедници.

Предвидените датуми за одржување на дискусиите се следниве:

  • Велес 07 февруари, 11 ч., во големата општинска сала;
  • Куманово 13 февруари, 11 ч., во Кружната сала во зградата на поранешниот Комитет;
  • Гостивар 14 февруари, 11 ч., во општинската сала;
  • Битола 26 февруари, 13 ч., во општинската сала;
  • Охрид 27 февруари, 11 ч. , во општинската сала;
  • Штип 04 март, 13 ч. во општинската Сала 2;
  • Струмица 05 март, 13 ч., во салата на Советот во општината;
  • Скопје (општина Кисела Вода) 12 март, 11 ч., во општинската сала во општина Кисела Вода.

Оваа активност е во рамки на проектот „Подобрување на транспарентноста и отчетноста на полицијата во Република Северна Македонија“ за чие спроведување Евротинк потпиша Меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи.