LOADING

Type to search

Гостување на Слободна ТВ: Судството мора да добие црвен картон, а поддршка оние структури што покажуваат волја за реформи

Евротинк во медиуми Ние & Јавност

Гостување на Слободна ТВ: Судството мора да добие црвен картон, а поддршка оние структури што покажуваат волја за реформи

Share
Димитар Николовски од Евротинк гостуваше во студиото на Слободна ТВ и зборуваше за евроинтегративните процеси, Извештајот на Европската комисија, како и за потребата од итни реформи во судството.
„Идентификувавме пад од 20п.п во 2022 во ставовите на граѓаните кои смеатаат дека членството во ЕУ е ‘добра работа’. Во извештајот напишавме дека ова се должи на одредена отпорност, иако евро-ентузијазмот беше присутен и висок за да дојде период на замор“, изјави Николовски.
„Во однос на судството, сведоци сме дека многубројни истражни постапки пропаѓаат, поради правосудниот сектор и дефинитивно мора да им се даде црвен картон и повторно да им се даде поддршка на тие структури во судството што покажуваат волја за реформи, зашто такви постојат“.

Tags: