Локални совети за превенција за засилена локална соработка: Научени лекции
Share


Локалниот совет за превенција претставува тело за заедничко дејствување на засегнатите страни и на релевантните чинители во областа на јавната безбедност на локално ниво, како и успешна имплементација на концептот „полиција во заедницата“. Тој ги вмрежува сите клучни субјекти во една општина кои може да влијаат на квалитетот на живеење на граѓаните, овозможувајќи разгледување на безбедносните и други локални проблеми низ мултидисциплинарна призма, засновани на многубројни меѓусебно поврзани причини и подложни на различни практики на интервенции.
Од позиција на локалната самоуправа, локалните совети се алатка која треба да ги собере на заедничка маса сите институции и засегнати страни кои имаат удел во општествено административни процеси и постапки, а кои се случуваат во локалните средини каде што имаат надлежност. Од полициска перспектива, ЛСП треба да ги вмрежат сите клучни субјекти кои ќе ѝ „помогнат“ на полицијата за извршување на нејзината превентивна дејност, односно ќе ѝ помогнат на полицијата да биде проактивна во решавањето на безбедносните проблеми на граѓаните и во одржувањето на јавниот ред и мир. При решавањето на проблемите ЛСП треба да ги земе предвид различните потреби во заедницата, особено оние поврзани со маргинализираните и недоволно претставувани општествени групи.
Проектот „Локални совети за превенција за зајакната локална соработка“ се имплементираше во периодот од 1 септември 2022 г. до 30 септември 2023 г. Проектните активности, надоврзувајќи се на резултатите од погоре споменатите истражувања, беа засновани на соработката со три избрани општини чии активности на ЛСП се мониторираа и анализираа, на кои потоа им беше обезбедена експертска поддршка и насока за подобрување на нивната работа.
Во оваа публикација се собрани увидите кои произлегоа од набљудувањето на работата на трите ЛСП и кои треба да служат како патоказ за сите локални единици заинтересирани за имплементирање на овој концепт.
Преземи:
СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ