LOADING

Type to search

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД СПРОВЕДЕНА АНКЕТА – ЕВРОМЕТАР 2023

„Медиумите за ЕУ“ -- Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ „Медиумите за ЕУ“ -- Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ Актуелно ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Ние & Јавност Процес на пристапување во ЕУ Соопштенија

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД СПРОВЕДЕНА АНКЕТА – ЕВРОМЕТАР 2023

Share

Покана за медиуми

Предмет:

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД СПРОВЕДЕНА АНКЕТА – ЕВРОМЕТАР 2023

вторник 24.10.2023, 11:00, Холидеј Ин 

Евротинк – Центар за европски стратегии Ве поканува на презентацијата на резултатите од спроведената анкета ЕВРОМЕТАР 2023, која беше спроведена во текот на септември 2023 година на репрезентативен примерок од 1003 испитаници.

Испитувањето на јавното мислење е спроведено од страна на агенцијата БРИМА на повеќестепен стратификуван случаен примерок на популација 18+ години во РС Македонија. Дизајнот на примерокот е направен според податоците објавени од Државниот завод за статистика и се базира на податоци од Пописот 2021 според следниве варијабли: етничка припадност (Македонци + други националности од една страна и етничките Албанци од друга страна), региони (8 статистички региони во РС Македонија) и населено место (село/ град) рурал/ урбан.

Анкетата ги опфаќа и ставовите на граѓаните за демократијата во Република Северна Македонија, односите со Европската Унија, соседите, за надворешната политика, изборите и за тоа како се информираат граѓаните, т.е. кој медиум го користат како извор на информации, особено за гореспоменатите теми.

На презентацијата ќе се осврнеме на теми поврзани со следниве прашања:

  • Какви се ставовите на граѓаните за демократијата во Република Северна Македонија?
  • Какви се ставовите на граѓаните за меѓународната позиција на РС Македонија?
  • Какви се ставовите на граѓаните за  Европската Унија?
  • Од кого и како би сакале да добијат информации и знаења за поглавјата/кластерите, за пристапниот процес, на РС Македонија со Европската Унија?

Испитувањето на јавното мислење е спроведено во рамки на проектот „Медиумите за ЕУ“ -Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ со финансиска поддршка од Европската Унија.