LOADING

Type to search

Основна процена на транспарентноста и отчетноста во работата на полицијата за 2022 година

Документ за јавна политика ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата во Република Северна Македонија Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата во Република Северна Македонија Правда, слобода и безбедност

Основна процена на транспарентноста и отчетноста во работата на полицијата за 2022 година

Share

Проектот „Подобрување на отчетноста и на транспарентноста на полицијата во Република
Северна Македонија“ цели кон: 1) подобрување на постојните практики и 2) воведување
најдобри практики, кои се насочени кон поттикнување на ефективни механизми за
зголемена одговорност на полицијата. Овие цели треба да се постигнат преку: 1) поддршка
на процесот на соработка меѓу полицијата, медиумите и локалните заедници, 2)
зголемување на нивото на транспарентност и на отчетност на работата на полицијата кон
заедницата на која ѝ служи, и 3) поттикнување на поиновативнa комуникациja и подобра
соработка со медиумите.

За постигнување на овие цели , во периодот од април до јуни 2023 година, се изврши
првична (основна) процена на стапката на полициска транспарентност и отчетност и се
анализираа перформансите на механизмите за контрола врз полицијата, имено,
внатрешниот механизам (Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и
професионални стандарди) и надворешните механизми (Специјализирано одделение за
гонење кривични дела извршени од лица со полициски овластувања и припадници на
затворската полиција во рамки на Основното јавно обвинителство за гонење организиран
криминал и корупција и Mеханизмот за за граѓанска контрола во рамки на канцеларијата
на Народниот правобранител). Временската рамка на оваа првична (основна) процена го
опфаќа периодот од 1 јануари 2022 година до 31 декември 2022 година.

Воспоставената рамка и првичните резултати ќе се користат како основа за следење на
промените во стапката на транспарентност и отчетност при следните две процени, кои ќе
бидат објавени во ноември 2023 година и во мај 2024 година.

Во овој документ ги изложуваме заклучоците од спроведените активности во рамки на
Основната процена на транспарентноста и отчетноста во работата на полицијата.

Преземете: Основна проценка на транспарентноста и отчетноста во работата на полицијата за 2022 година