LOADING

Type to search

Анализа на самоевалуациски прашалник за медиумските професионалци

„Медиумите за ЕУ“ -- Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ „Медиумите за ЕУ“ -- Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ Дневник за пристапување ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Процес на пристапување во ЕУ Публикации Работни програми Следење на процес на интеграции

Анализа на самоевалуациски прашалник за медиумските професионалци

Share

Во рамките на проектот „Медиумите за ЕУ“ беше подготвен само-евалуациски прашалник наменет за медиумските професионалци со цел да се утврдат позитивните и негативните аспекти во медиумите при создавање на медиумски содржини посветени на евроинтегративните процеси на Р. С. Македонија
Самиот проект има за цел да се надградат медиумските капацитети за покривање, следење и испитување на преговарачкиот процес за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Како посебни цели се издвојуваат:
• Да се подобри амбиентот за учество на медиумите во процесот на преговори за членство во ЕУ
• Да се зајакнат медиумските професионални капацитети на новинарите кои се од земји што не се членки на ЕУ, за регулативите, политиките и вредностите на ЕУ и да се подобрат можностите за младите новинари.
• Да се создаде средина за активности за вмрежување со европските колеги и колеги од медиумскиот сектор, да се поддржи и подобри медиумската писменост и различноста на медиумскиот пејзаж.

За постигнување на гореспоменатите цели, беше неопходно да се добијат мерливи информации и оценки за тоа какви (според тип и форма) содржини презентираат медиумите за евроинтеграциските процеси на Р. С. Македонија кон својата публика односно: како самите медиуми се перципираат во делот на нивната содржина и нивната понуда за ЕУ и пристапниот процес, нивните проблеми и потреби при креирањето на содржините.

Прашалникот наменет за уредниците на медиумите беше презентиран и тестиран на еден дел на уредници од традиционалните, радиодифузни медиуми и на уредници од онлајн медиумите. Критериумите за селекција беа медиумите да бидат со своја новинарска редакција, да имаат сопствена информативна програма во чиј склоп тие информираат и за надворешната политика на државата. Дополнително, беа селектирани медиуми од целата територија на земјата според бројот на популацијата и нејзината јазична и етничка поделеност. Подготвениот и веќе евалуиран анонимен прашалник за уредници беше електронски дистрибуиран до уредниците на радиодифузните, на печатените и на онлајн медиумите. Одговорите беа пополнувани електронски преку онлајн апликацијата „Google Forms“ која автоматски ги сумира резултатите од одговорите без можност за субјективна интервенција во нив.

 

Преземете ја публикацијата:

Analiza na samoevaluaciski prasalnik za mediumski profesionalci

Tags: