Исак Мисини е практикант во Евротинк од јуни 2023 година. Студира меѓународни односи и дипломатија на факултетот за политички науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Работел како програмски офицер во Центарот за жени и млади ромки – ПАКИВ, потпретседател на локалниот комитет на AIESEC во Скопје, и практикант во одделот за истражување и развој во АЛДА – Европската асоцијација за локална демократија. Тој е млад Европски амбасадор во рамки на Директоратот за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) и алумни на Претседателската школа за политики. Автор и коавтор е на неколку истражувања и публикации од доменот на безбедност, човекови права и меѓународни односи како што се документи за јавна политика, документарци, и есеи.
СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ