LOADING

Type to search

Виолета Глигороска – проектна координаторка

Луѓе

Виолета Глигороска – проектна координаторка

Share

Виолета е ангажирана во „Евротинк“ како координатор на проектот „Медиуми за ЕУ“ финансиран од ЕУ што се спроведува во период од 3 години (март 2023-февруари 2026). Таа по дипломирањето на Филолошкиот факултет (Катедра за општа и компаративна литература) својата професионална надградба и ангажман ги продолжува во медиумската сфера. Има завршени бројни неформални специјалистички студии, семинари, обуки во областите за менаџмент на медиуми, мултимедиа, интерактивни медиуми, стратешко планирање, проектно раководење, односи со јавност, професионална комуникација и др. Говори англиски, германски и грчки јазик. Од новинар во Македонското радио во средината на 90-ите, кариерата ја продолжува во донаторскиот и цивилниот сектор (Фондација Отворено општество – Македонија; Фондација за интернет и општество Метаморфозискаде што изминатите 25 години работи на проекти за медиуми и активности за унапредување на медиумската и новинарската сфера во земјата.  

Tags: