LOADING

Type to search

Александар Стојановски – Административен раководител и постар истражувач

Луѓе

Александар Стојановски – Административен раководител и постар истражувач

Share

Александар Стојановски работи како административен раководител и постар истражувач при Евротинк – Центар за европски стратегии – Скопје. Александар е докторанд на Факултетот за Безбедност на Универзитетот “Св. Климент Охридски”. Студирал меѓународно кривично право и криминологија на Кралскиот Универзитет во Гронинген, Холандија (постдипломски студии). Александар е алумнист на катедрите за меѓународни односи и политички науки од Американскиот Универзитет во Вашингтон, Дистрикт Колумбија, САД. Дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан I” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Македонија. Истражувачката дејност ја започнува во 2006та година во “Вудроу Вилсон” Центар за меѓународни научници во Вашингтон, САД. Автор и ко-автор е на бројни публикации од областа на правото, безбедноста и човековите права. Во неговото работно портфолио видливо е 15 годишно искуство во различни организации, и тоа: Младински образовен форум, Коалиција “Сите за правично судење”, Институт отворено општество Македонија, Државна изборна комисија. Се јавува како сертифициран предавач и консултант во над 10 меѓународни организации кои се активни на полето на право и човекови права.

Tags: