LOADING

Type to search

Одржани три тематски работилници за транспарентност и отчетност на механизмите за контрола над работата на полицијата

ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата во Република Северна Македонија Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата во Република Северна Македонија Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата во Република Северна Македонија Правда, слобода и безбедност Работни програми Регионална интеграција

Одржани три тематски работилници за транспарентност и отчетност на механизмите за контрола над работата на полицијата

Share

На 20, 21 и 27 јуни Евротинк одржа три тематски работилници за подобрување на транспаретноста и отчетноста во работата на полицијата. Трите работилници обединија претставници на внатрешните и надворешните механизми за контрола над работата на полицијата со цел дискутирање на начините за подобрување на видливоста на работата на овие тела, зголемување на довербата на граѓаните во нивната работа, подобрување на нивната отчетност и подобра пристапност за граѓаните.

Во фокус на првите две работилници беа транспарентноста и отчетноста на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, на Народниот правобранител – Механизам за граѓанска контрола, и на специјализираното Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал. Со учество на претставници од овие три тела и од соодветните одговорни лица за односите со јавност, беа дискутирани препораки за подобрување на видливоста и импактот на механизмите за контрола поврзани со работата на полицијата.

На третата работилница со учество на претставници од Одделот за односи со јавност и стратешки прашања при МВР и на портпароли од канцелариите на Секторите за внатрешни работи се дискутираа начини за подобрување на комуникациите во врска со проблеми врзани за заедницата и за поттикнување поголемо вклучување на заедницата. На работилниците присуствуваа и претставници од Совет на Европа и ICITAP.

Со активно учество на сите присутни, како резултат беа составени препораки за подобрување на видливоста и импактот на механизмите за контрола поврзани со работата на полицијата и беше изработен нацрт-сет на индикатори за следење на транспарентноста и отчетноста на работата на полицијата. Исто така, беше дискутирана содржината на инфо-пакет за граѓани кој ќе биде изработен во рамки на проектот, а кој ќе биде примарно фокусиран на информирање и едуцирање за улогата и работата на Одделот за внатрешна контрола во МВР. Блоковите дискусии во сите три работилници ги модерираше Биљана Бејкова.

На работилниците вредни презентации одржаа говорници со долгогодишно искуство во областите поврзани со работата на полицијата. Во рамки на работилницата, „Контрола врз работата на полицијата“, која се одржа на 20 јуни, Тони Јакимовски зборуваше за работата на Внатрешната контрола во МВР како механизам за работата на полицијата, додека во вториот блок Трпе Стојановски одржа презентација за Омбудсман + како независен механизам за контрола на работата на полицијата. На работилницата одржана на 27 јуни, која се одржа на Факултетот за безбедност во Скопје, во рамки на работилницата за Транспареност во работата на полицијата, презентации имаа проф. Никола Дујовски, насловена „Односите помеѓу полицијата и јавноста“, и проф. Марина Тунева која зборуваше за „Транспарентност и активна комуникација на полицијата“.

Работилниците беа организирани во рамки на проектот „Подобрување на транспарентноста и отчетноста во работата на полицијата“ и имаа за цел поттикнување дискусија и изнаоѓање начини  за подобрување на транспарентноста и отчетноста.

Проектот поддржан од National Endowment for Democracy (NED) има за цел, преку поддршка на процесот на соработка помеѓу полицијата, медиумите и локалните заедници, да ги поттикне постојните и да развие нови добри практики и ефективни механизми за поголема отчетност на полицијата. Во рамки на проектот се работи на унапредување на транспарентноста на полициската работа во заедницата преку поттикнување иновативни комуникации со јавноста и подобра соработка со медиумите.

 

Tags: