Евротинк кафе дебатa: „Улогата на граѓанското општество во односите меѓу Севeрна Македонија и Бугарија”
Share


На 12 мај 2023 година, Евротинк – Центарот за европски стратегии го одржаа почетниот јавен настан Евротинк кафе дебата, насловена: „Улогата на граѓанското општество во односите помеѓу Севeрна Македонија и Бугарија”. Овој настан е дел од проектот: „ Поврзување на граѓанските општества: Северна Македонија и Бугарија”. Проектот е поддржан од Чешката амбасада во Скопје.
Настанот го отворија: Н.Е. г. Јарослав Лудва, амбасадор на Чешката Република во Северна Македонија, и г.Димитар Николовски, извршен директор на Евротинк – Центар за европски стартегии. Говорници беа: Вања Петрова, постар аналитичар при Економската програма од Центарот за проучување на демократијата од Бугарија, г-а Никица Корубин, поранешна пратеничка г-а Илина Мангова од Меѓународниот републикански институт.
На дебатата говорниците истакнаа дека тензиите меѓу двете земји најголема штета им прават на бизнисот и инвестициите. Според поранешната пратеничка г-а Никица Корубин, односите меѓу двете земји се условени од политиката, а тензиите во двете држави ќе се намалат со гласањето на уставните измени.
Г-а Илина Мангова од Меѓународниот републикански институт се осврна на нивните последни истражувања кои укажуваат на снижена поддршка за Европската унија меѓу македонски граѓани, како и многу ниска спремност да се поддржат предвидените уставни измени. Сепак, таа се осврна на улогата и важноста на граѓанското општество кон релаксирање на односите помеѓу граѓаните на двете општества, иако најважниот товар треба да го понесат владите.
Во отворената дискусија, присутните истакнаа дека е важно да се справуваме со национализмите во своите општества, наместо да се преокупираме со она што се случува кај соседите. По овој настан, проектот продолжува со уште две кафе дебати и повеќедневна средба на претставници од граѓанскиот сектор во двете држави.
Оваа кафе дебата е дел од проектот: „Поврзување на граѓанските општества: Северна Македонија и Бугарија“ поддржан од Чешката амбасада во Северна Македонија. Евротинк кафе дебатата е единствена одговорност на ЕВРОТИНК-Центар за европски стратегии и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Чешката амбасада во Скопје.
СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ