Пријави се за работилницата за млади Рок Турс

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

Ако имаш помеѓу 14 и 19 години и на 18. 05. 2023 планираш да бидеш во Скопје, Сараево или во Подгорица, пријави се за РокТурс (RockTours)  работилницата. Ќе дознаеш повеќе за историјата и значењето на рок музиката во твојата држава, ќе поразговараме за најголемите рок изведувачи во нашите простори и на крај ќе избереш локација за рок тура која заедно ќе ја креираме.

Твои ментори ќе бидат локалните рок експерти:
🤘 Скопје: Тошо Филиповски, истражувач, новинар и музичар, автор на „Првата македонска рок енциклопедија“
🤘 Сараево: Сеад С. Фетахагиќ, академик и истражувач кој ги проучува различните аспекти на поп и рок музиката во Сараево
🤘Подгорица: Жељко Миловиќ, новинар, писател, поет и автор на монографијата „Црногорската поп-рок музика 1954-1991“

Сите учесници ќе добијат сертификат за учество и двегодишно членство во фан клубот на Екс-Ју Рок Центарот.

Пријави се до 15. 05. 2023 на следниот линк:
➡️Работилницата во Скопје: https://bit.ly/450uk3t
➡️ Работилницата во Сараево: https://bit.ly/3BeBVOc
➡️ Работилницата во Подгорица: https://bit.ly/3pxia1p

Работилницата (РокТурс) се спроведува во рамки на проектот “Rock for Unity”, кој е
спроведуван од страна на Alicorn во соработка со Ex-Yu Rock Society и Eurothink – Centre for
European Strategies, а е финансиран од страна на Европската Унија.

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа