Одржани обуки за младински активизам за младите од општина Бутел

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

Евротинк во рамки на проектот „Општина Бутел отворена за младите“ на 27 и 28 март, настаните се одржаа во просториите на општина Бутел, одржа обуки за младински политики. 

Учесниците на обуките имаа можност да се стекнат со основната идеја за младински политики и нивно создавање, во интерес на младинското застапување. Исто така, се запознаа и со принципите на  стратешко планирање и поднесување апликации во европските фондови како дел од корпусот вештини за развој. Овие теми се во инхерентна врска со интересите на Локалниот младински совет кој наскоро ќе биде избран и ќе фунционира во рамки на Општина Бутел.

Темите кои беа опфатени се следниве: 

1) Младински политики, младинско учество, законска и институционална рамка, младинско застапување;
2) Стратешко планирање;
3) Европски и други фондови за млади и
4) Вештини за развој на проектни идеи.

Оваа активност се поклопува со зацртаната цел која оди во насока на приближување на општинската администрација, ЛМС и Општината со младите кои доаѓаат од територија на Општина Бутел.

Учесниците на обуките имаа можност да се стекнат со основната идеја за младински политики и нивно создавање, во интерес на младинското застапување. Исто така, се запознаа и со принципите на  стратешко планирање и поднесување апликации во европските фондови како дел од корпусот вештини за развој. Овие теми се во инхерентна врска со интересите на Локалниот младински совет кој наскоро ќе биде избран и ќе фунционира во рамки на Општина Бутел.

Проектот „Општина Бутел отворена за младите“ е поддржан од Европската Унија во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″ спроведуван од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА. Проектот започна со спроведување на 1 септември 2022, а ќе трае до мај 2023 година.

 

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа