Евротинк започнува со имплементација на проектот „Медиумите за ЕУ“- Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

Проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ (анг. Media 4 EU– Civil Society Program for the participation of media in North Macedonia’s EU membership negotiation) го спроведува „Евротинк“- Центар за европски стратегии во партнерство со АЛДА и БИРС во периодот од 01.03.2023 до 28.02.2026 година со поддршка од Европската Унија.

Основна цел на проектот е да се надградат медиумските капацитети за покривање, следење и испитување на преговарачкиот процес за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Посебни цели:

  • Да се подобри амбиентот за учество на медиумите во процесот на преговори за членство во ЕУ
  • Да се зајакнат медиумските професионални капацитети на новинарите кои се од земји што не се членки на ЕУ, за регулативите, политиките и вредностите на ЕУ и да се подобрат можностите за младите новинари.
  • Да се создаде средина за активности за вмрежување со европските колеги и колеги од медиумскиот сектор, да се поддржи и подобри медиумската писменост и различноста на медиумскиот пејзаж

Проектот ќе отпочне со Почетен настан на 29 март, во 12 часот, во хотело Холидеј Ин. Целта на средбата е преку презентација на проектот да се поттикне соработката помеѓу медиумите, граѓанските организации и релевантните државни институции кои ќе работат во преговарачките процеси на земјата со релевантните институции од ЕУ, како и подобрување на квалитетот на информации и презентирање на состојбите и напредокот на Северна Македонија кон ЕУ за пошироката генерална јавност во државата.

Притоа, тимот на проектот ќе ги претстави основните елементи на проектот пред јавноста и ќе го најави повикот за соработка со медиумите и медиумските професионалци, со граѓанските институции како и шемата за грантови.
 
За значењето на медиумите и на ГО во преговарачкиот процес на Северна
Македонија за членство во ЕУ свои обраќања ќе имаат Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Северна Македонија и Бојан Маричиќ, Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања. 
 
Предвидени проектни активности во рамки на проектот, се следниве:
  • Истражување на јавното мислење за медиумскиот сектор поврзано со известувањето за ЕУ интеграции на Република Северна Македонија.
  • Обуки за медиумите за известување на интегративнниот процес на земјата во 8те плански региони
  • Менторска програма за млади новинари-практиканти.
  • Две Школи за европски политики
  • Активности за вмрежување на медиумите и новинарите од земјата со соодветни медиумски институции од државите членки на ЕУ (студиски посети, фокус групи и средби)
  • Грант шема за НВОи и медиуми од 8те плански региони за приближување на преговарачкиот процес на Република Северна Македонија со ЕУ до граѓаните и до нивните интереси.
  • Продукција на новинарски материјали за структурите на ЕУ; преговарачкиот процес на Република Северна Македонија со ЕУ; новата преговарачка методологија и сл.
  • Континуиирана комуникација со медиумската и со генералната публика за сите активности и аспекти на проектот кои се од интерес и важност за граѓаните.

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа